Сирова храна: Најдобро решение да се ослободиме од токсините

Постои верување дека суровата храна е најефикасен природен начин да се ослободите од грип, ангина, настинка или синузитис.

Застапниците на оваа исхрана веруваат дека готвењето и било каков вид на термичка обработка на храната ги уништува ензимите во неа, дека суровата храна  дава многу повеќе енергија, плус допринесува и во намалувањето на телесната тежина. Затоа, овој тип на диета ја применуваат голем број на холивудски ѕвезди, вклучувајќи ги Скарлет Јохансон и Аманда Сејфрид.

Според оваа теорија,  два дена треба да се јаде само свежо овошје и зеленчук (односно, нема сирење, млеко, леб, или нешто што е термички обработено) за да се ослободи телото од акумулираните токсини. Организмот веќе нема да треба да ја троши енергијата за да ја свари тешката храна (подржувачите на сирова храна веруваат дека било која термичка обработка го отежнува процесот на варење на храната), и може да непречено да  го зајакнува имунолошкиот систем, а најкорисните состојки од овошјето и зеленчукот нема да бидат уништени со готвењето, туку ќе ги искористи вашето тело .

На кратко, поборниците на исхраната со сурова  храна веруваат дека човекот е предодреден да консумира токму ваква храна , неа најлесно  ќе ја свари и од неа ќе биде најздрав. Не знам дали  навистина е можно да се живее подолго време само на таква храна, но свежото овошје и зеленчук се, секако, многу здрави.