Симптоми за кои никогаш не би знаеле дека сигнализираат висок крвен притисок

Повеќето луѓе се соочуваат со симптоми на висок крвен притисок но не се свесни дека телото сигнализира на некаква опасност. Ако вашиот крвен притисок е и барем малку покачен, веќе влегувате во опасната зона и тоа значи дека е време да превземете нешто.

Дали сте почувствувале еден или повеќе од овие симптоми:

  • Трпнење
  • Слаба циркулација
  • Главоболки
  • Слаб вид
  • Зашеметеност и вртоглавици
  • Течење крв од нос
  • Проблеми со дишењето
  • Крв во урината
  • Зуење во ушите

Ако сте почувствувале било кој од овие симптоми, веднаш обратете се на лекар. Најважно од се е да се дијагностицира проблемот и да се започне со соодветната терапија. Додатоците во исхраната се исто така важен сегмент при третирањето на високиот крвен притисок.  Коензим Q10, ресвератрол, селен, магнезиум и Омега-3 може значително да ви помогнат и да ви ја олеснат борбата со високиот крвен притисок . Наша препорака е да се консултирате со вашиот лекар кои додатоци во исхраната да ги користите покрај препишаните лекови на рецепт.

Промената во исхраната е природен начин за лекување на високот крвен притисок и пристап кон добро здравје. Неодамнешните студии покажаа дека некои пациентите успеале да го контролираат својот висок крвен притисок по природен пат, преку комбинирање на правилна исхрана, суплементи и лекови на рецепт.

Природните методи вклучуваат:

  • Здрава исхрана
  • Намален внес на натриум
  • Умерена физичка активност

Уште една клиничка студија покажа дека луѓето кои го намалиле внесот на натриум успеале да го одржат крвниот притисок во нормални граници, но тие би биле уште поефикасни ако би го следеле нутриционистичкиот план на DASH диетата.

DASH диета вклучува:

  • Свежо овошје и зеленчук
  • Ниско-маслени млечни производи
  • Намален внес на масна храна и храна којашто содржи голема количина холестерол
  • Поголем внес производи од интегрално брашно, јаткасти плодови, живина и риба