Симптоми кои може да говорат дека боледувате од рак

Праксата покажала дека жените се многу повнимателни од мажите кога се работи за редовните здравствени прегледи и за скрининг програмите за карцином. Др. Мери Дејли, реномиран онколог од делот за клиничка генетика во Филаделфија, вели дека жените се оние кои сакаат да се информираат повеќе за одредена состојба како и за некои симптоми од одредени болести.

Но, тоа не е случај со секоја жена. Помладите жени, на пример, имаат тенденција да ги игнорираат симптомите кои укажуваат на некои сериозни заболувања, како што е карциномот. Тие имаат претстава дека карциномот е болест на старите луѓе, вели Др. Дејли. Затоа, ќе ги наведеме 15-те најчести симптоми на карцином на кој жените не им обрнуваат внимание.

Ненадејно губење во тежина – Mногу жени би биле среќни доколку би изгубиле неколку килограми без да се обидат да слабеат. Но необјаснетото губење на тежина, од неколку килограми во месец, без зголемување на физичката активност или намалување на внесот на храна, треба да биде проверено од страна на стручни лица.

Подуеност – Иако овој симптом е чест кај жените, тој може да биде знак за оваријален карцином. На него се надоврзуваат абдоминалната и карличната болка.

Промени во градите – Појавата на црвенило и задебелување на кожата на градите, вовлекување на брадавицата, како и исцедок од истата може да индицира за карцином на дојка.

Интерменструални крварења или други ментруални проблеми – Пост менопаузалните крварења може да се симптом на ендометриален карцином

Отежнато голтање – Промената на исхраната може да го даде овој симптом, но доколку продолжи да се јавува, потребно е да се направи испитување за можно постоење на карцином на езофагус

Крварење од телесните празнини – Крвавата столица или пак крвавиот искашлок се доволни причини да се направат понатамошни иследувања

Болки во стомакот и депресија – Постојат студии кои ги поврзуваат овие симптоми со карциномот на панкреас

Проблеми со варењето на храната – Кај бремените жени овој симптом е оправдан, но ако тој се појави кај жена која не е бремена, потребно е да се посети лекар

Промени во усната празнина – Леукоплакија е преканцерозна лезија во усната шуплина која се јавува кај жените кои пушат цигари. Таа изгледа како бели налепи кои неможат да се исчистат при миењето на устата со четка за заби

Болка– Болката е најосновниот одбрамбен механизам на човекот, и затоа доколку таа перзистира подолг временски период, треба да се посети лекар

Промени на лимфните жлезди – Доколку се примети зголемување на лимфните јазли во пределот на дојката, под пазувите, или на било кое друго место, потребно е да се јавите на лекар

Треска – Треската не е само симптом на настинката и грипот. Таа може да биде сериозен показател за леукемија или лимфом.

Замор – Се јавува рано кај одредени карциноми, како што се леукемија или карцином на желудник или дебело црево.

Хронична кашлица – Кашлицата најчесто е поврзана со настинките, алергиите или пак се јавува како несакан ефект од некои медикаменти. Но, пролонгираната кашлица, што трае повеќе од три до четири недели, не треба да се игнорира.

Кожни промени – Бемките кои се со неправилни рабови, кои крварат или ја менуваат својата боја индицираат на кожен карцином.