Што треба да пиеш за целосно да закрепнеш од било кој вирус?

Дали го прележа Коронавирусот? И како се чувствуваш сега, уморно, исцрпено, немаш доволно концентрација, па дури и косата почна да ти паѓа? Се чини дека ваквите симптоми немаат абер да си одат, нели?

Ако и после три месеци од болеста не се препознаваш себеси, тогаш влегуваш во категоријата на пациенти излекувани од Ковид-19, но не и оздравени. Пост-ковид синдромот или продолжениот Ковид, е реална состојба која трае од 3 до 6 месеци после боледувањето.

Лошата вест е што секому може да му се случи, без оглед на тоа дали лесно или тешко го помина вирусот, а возраста и хроничните заболувања само го зголемуваат ризикот.

Студијата од градот Вухан потврди дека три четвртини од пациентите имале проблеми и шест месеци откако биле отпуштени од болница.

Резултатите од студијата од Италија велат дека два месеци после акутната фаза на болеста, само 12.6 % од пациентите немале никакви симптоми, 32 % од испитаниците имале само еден до два симптоми, додека 55% имале повеќе од три симптоми. 

Последните статистики велат дека секој втор пациент има дури по 6 пост-ковид симптоми, а листата е следна:

  • Умор
  • Краток здив
  • Болка или стегање во градите, забрзан или неправилен срцев ритам
  • Проблеми со помнење и концентрација
  • Несоница
  • Вртоглавица, чувство на нестабилност при одење
  • Осип по кожата, ненадејни акни по лицето
  • Опаѓање на косата
  • Мачнина, дијареа, болки во стомак и намален апетит
  • Благо покачена телесна температура
  • Сува кашлица, главоболка, болки во вратот
  • Намалено сетило за мирис и вкус и после 3 недели од болеста

Многу малку значење му се дава на негативниот психолошки ефект што го носи болеста. Во страв и несигурност живееме веќе две години, но речиси половина од прележаните пациенти се соочуваат со грижа на совест и срам поради луѓето што ги заразиле. Продолженото дејство врз психата е особено изразено во семејствата кои се соочиле со загуба на човечки живот.

Кога сè ќе ставиш на хартија, делува некако безнадежно дека ситуацијата може да се реши. Но, те уверуваме дека може! Со упорно и трпеливо работење на имунитетот, ќе успееш да ја вратиш и физичката и менталната сила.

Покрај здравата исхрана, крајно време е да ја вклучиш спирулината во твојот живот. Таа докажано го зајакнува имунитетот и токму затоа е одлично превентивно решение, но и задолжителна поткрепа во периодот на опоравување од вирусот.

Оваа супер храна содржи цел спектар витамини како А, Ц, Д, Е и Б и минерали како калиум, калциум, магнезиум, железо, натриум, фосфор, цинк и селен, кои се есенцијални за одржување на имунитетот. Истражувањата потврдуваат дека спирулината го поттикнува создавањето на белите крвни зрнца и антитела кои се борат со вирусите и бактериите во организмот, а токму таква заштита ти е потребна во фазата на опоравување од вирусот.

Како одличен извор на триптофан, аминокиселина која го поддржува создавањето на серотонинот или хормонот на среќата, спирулината ќе го храни мозокот оптоварен со негативни емоции. Не обвинувај се ако пандемијата предизвика сериозни осцилации во нивоата на твојот серотонин, но обвини се ако не преземеш ништо околу тоа. 

Редовната консумација на San Sebastian спирулината не само што ќе ти го зајакне имунитетот, туку ќе те преплави со енергија и добро расположение.

Ако сакаш да излезеш како победник од оваа несекојдневна криза, нарачај веднаш San Sebastian спирулина.

Spirulina San Sebastian може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети… во дрогериите на ДМ-дрогерии, Cosmo – Тинекс и во сите подобро снабдени аптеки.
Или нарачајте ONLINE со кликнување на копчетo КУПИ ВЕДНАШ

Повелете со нарачка на 02 3218 821