Здравата исхрана, по операција на срцето, е од суштинско значење за вашето закрепнување и ви помага да го заштитите срцето. Оптималната исхрана ќе ви помогне да го забрзате процесот на оздравување и побрзо да си ја вратите силата. Добрата исхрана е од суштинско значење за одржување на доброто кардиоваскуларно здравје.
Вашиот лекар или нутриционист може да ви изработи соодветен план за исхрана, а ние ви предлагаме неколку совети што може да ги имате во предвид при преминувањето кон здравата исхрана, особено по операција на срцето.
- Уживајте во консумирањето на свежа и природна храна
Според Светската Здравствена Организација, најдобро е во исхраната да вклучите разноликост од:
- Овошје
- Зеленчук
- Интегрални производи
- Посно месо (вклучувајќи и риби)
- Ниско-маслени млечни производи
Воглавно, пациентите со срцеви заболувања треба да консумираат ниско-маслена храна и храна богата со растителни влакна.
- Намалете го консумирањето на мастите, солта и шеќерот
Ограничете ја консумацијата на заситени масти, шеќерот и солта, и избегнувајте:
- Обработено месо
- Брза храна
- Храната како што е црн дроб, изнутрици, јајца, полномасно млеко, путер, павлака, полномасно сирење, пржена храна и палмино масло коишто се богати со заситени масти. Понатаму, избегнувајте конзервирано месо, конзервирани супи, конзервиран сос за шпагети, грицки и пушена риба.
Кажете им НЕ на овие видови на храна по операција на срцето.
- Избегнете ги несаканите ефекти
По операција на срцето, не е невообичаено да чувствувате тешкотии, односно да чувствувате чувство на гадење, губење на апетит и проблеми со столицата. Можете да ги намалите овие тешкотии преку:
- Земањето на лековите на полн стомак
- Со внесување на големо количество вода и други здрави течности
- Преку внесувањето на помали, но почести оброци
Доколку продолжите да ги чувствувате овие несакани ефекти, консултирајте се со вашиот лекар и запомнете редовно да го мерите и контролирате крвниот притисок.