Секоја тазе мајка се соочува со постпородилен замор. Самиот чин на породување, грижата за малечкото која подразбира измешани чувства на страв и стрес и недостигот на сон, порано или подоцна резултираат со исцрпеност.
Според една студија, 90 % од жените кои се породиле на природен начин, потврдиле дека се екстремно уморни за време на постпородилниот период. 11 % од жените продолжиле да се чувствуваат уморно и после 3-тиот месец.
Најновите студии покажуваат дека 4 месеци не се доволни за мајката да закрепне и со полн капацитет да ја преземе новата улога. Не верувајте им на бабите, и целата помош на светот не може да ја смири алертноста со која се соочува мајката.
При недостиг на елементарни услови за живот, не е чудно што голем дел од мајките подлегнале на ризично однесување.
Наместо шишето со млеко во жешка вода го потопивте телефонот; бебето ви падна од кревет, бидејќи за миг склопивте очи – ова е знак дека се соочувате со сериозен дефицит на сон, имате премногу обврски или сте паднале во замката совршено да одговорите на новата улога.
Ситуацијата не се смени ни штом тргнавте на работа, напротив дополнително се влоши. Што сега?
За да го вратите мултитаскинг капацитетот за кој природно сте надарени, неопходен ви е мултитаскинг минерал или магнезиум.
Само магнезиумот може истовремено да адресира неколку проблеми: стрес, несоница, вознемиреност, недостиг на концентрација.
Бидејќи телото само не произведува магнезиум, единствен пат да стасате до него се храната и суплементите. Но, ако се земе предвид дека 73 % од луѓето се соочуваат со недостиг на магнезиум, а денешната храна е посиромашна со магнезиум во однос на 40-тите (20 % помалку во пилешкото, 21 % помалку во млекото, 82 % помалку во процесираната зрнеста храна) суплементот е повеќе од потребен.
Како магнезиумот им помага на новите мајки?
- Ќе ја намали анксиозноста и стресот
- Ќе ги ослободи мускулите од тензија
- Ќе го подобри сонот и ќе направи да се чувствувате одморено
- Ќе помогне при грчеви во мускулите
- Ќе ги намали и редуцира главоболките
- Ќе ги надомести загубите на магнезиум настанати при породувањето
- Ќе го одржи здравјето на коските кои се компромитирани со доењето
- Ќе ја одржи нормалната функција на целиот дигестивен систем
Нема дилеми, суплементот е најреален начин да стасате до дневната потреба магнезиум. Кој да го купите? Во случајот со жените и нивните многубројни улоги, само Dr. Viton Магнезан NEURO.
Dr. Viton Магнезан NEURO, покрај магнезиум, во својот состав содржи 13 природни состојки кои чинат еден совршен коктел. Л-карнитин, витамин Ц, Јод, витамини од Б групата (Б1, Б2, Б3, Б6, Б12), Д3 и Гинко Билоба – успешно го враќаат физичкиот и психичкиот баланс на организмот соочен со промените што ги носи мајчинството.
Тајната зад секој успешен ден на мајките се крие во една таблетка Dr. Viton Магнезан NEURO.
Dr. Viton – Magnezan Neuro можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-neuro/
Dr. Viton – Magnezan Neuro може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)