Што да сториш за да не ти се дуе стомакот од храна?

Твојот работен ден трае повеќе од 8 часа? Јадеш колку да преживееш, а спиеш едвај 5 часа во денот? Па тогаш што се чудиш што стомакот постојано те издава предизвикувајќи низа непријатности како грчеви, остри болки, подуеност и гасови.

Знаеме, најмалку што ти треба е ова кога имаш толку многу работа. Но, кога е во прашање здравјето на дигестивниот систем мораш да забавиш. Поточно и не мораш, доволно е да внесуваш спирулина – моќната синозелена алга ќе го среди секој поединечен проблем со дигестивниот тракт. Патем, ќе те снабди со енергија да го издржиш напорното темпо.

Зошто на дигестивниот систем му треба спирулината?

Дигестивниот систем му помага на твоето тело да дојде до хранливите материи од храната, да ги елиминира токсините од истата, а претставува и неразделен дел од имунитетот кој те штити од патогените бактерии. Со вклучување на спирулината во исхраната, ти ќе му помогнеш на дигестивниот систем да ја изврши оваа благородна функција.

Да токму така, благородна, бидејќи кога стомакот (твојот втор мозок) не работи како што треба, те мачи запек или стомакот ти расте под биро, не очекувај и горниот мозок да ти функционира.

При процесот на дигестија, телото ќе ги преработи и приграби сите хранливи материи од спирулината, а дел од нив ќе искористи за да го одржи токму системот за варење.

Дигестивна корист од протеините на спирулината

Протеинскиот состав на спирулината е одговорен за здравјето и нормалното функционирање на дигестивниот систем. Тој обезбедува амино киселини кои телото ќе ги искористи како дигестивни ензими. Некои од овие ензими, на пример пепсин и трипсин, помагаат во разградување на протеините во храната додека други ензими на пример, лактоза и малтоза, учествуваат во разградување на јаглехидратите. Само една порција спирулина обезбедува значителна количина од дневната потреба за протеини – 35 % за жени и 28 % за мажи.

Дигестивна корист од Б комплекс составот на спирулината

Спирулината го содржи целиот спектар на витамини од Б групата кои исто така имаат полезно дејство врз дигестијата и метаболизмот. Конкретно, витаминот Б6 учествува во метаболизмот на протеините, додека тиаминот (Б1) и рибофлавинот (Б2) ви помагаат да генерирате енергија од храната што ја внесувате. Наицинот (Б3) ја поддржува ензимската функција, го контролира апетитот и е клучен за непречена дигестија. Спирулината е особено богата со рибофлавин  и наицин – една порција обезбедува 1 и 3.6 милиграми соодветно. Во превод, спирулината обезбедува 90 % од дневниот препорачан внес на рибофлавин и 26 % наицин за жени; 77 % од дневниот препорачан внес на рибофлавин и 23 % наицин за мажи.

Останата дигестивна корист на спирулината

Но, тука не завршуваат полезните дејства на спирулината во однос на дигестивниот тракт. Една студија изведена врз животни, објавена во „Bratislava Medical Journal“ во 2011, откри дека спирулината има моќ да делува на некои симптоми на колитис, вклучувајќи го воспалението, крвавењето и клеточното оштетување. Друга студија, исто така изведена врз животни, објавена во октомвриското издание на „Journal of Medicinal Food“ во 2009, вели дека спирулината има позитивен ефект на интестиналните имуно клетки, помагајќи им да се борат со агенсите на инфекцијата во дигестивниот тракт и да спречат болести. Сепак, неопходни се и студии со луѓе за да се потврди сличниот ефект на спирулината врз луѓето.

Ефектот на спирулината врз кандидата

Кандида е габа кој природно се среќава во организмот и помага при апсорпција на хранливите материи, но учествува и во варењето. Но, кога е оставена сама на себе, да расте и да се размножува (кандидата се храни со процесираните шеќери и јаглехидрати што ги внесувате), кандидата почнува да станува токсична за организмот нарушувајќи ја pH вредноста.

Ако премине во хронична состојба, кандидата може да предизвика низа заболувања како синдром на иритабилно црево, мозочна магла или зголемување на телесната тежина како и автоимуни болести како лупус, Хашимото или Кронова болест.

За среќа, спирулината може да помогне. Низа студии покажале дека таа е ефикасен антимикроб, особено за кандида – го спречува нејзиниот раст и успешно ги елиминира штетните бактерии.

Исто така се покажа дека спирулината го потикнува растот на здрави бактерии во цревата, а тоа е клучно за долгорочно одржување на кандидата на прифатливо ниво. Една од посакуваните добри бактерии е Lactobacillus која го подобрува варењето на храната и нејзината апсорпција, но штити и од инфекции.

Стомакот не смее да биде пречка за твојот напредок, затоа почни да пиеш San Sebastian Spirulina пред секој оброк. Распореди ги твоите 8-10 органски таблети и збогувај се од сите дигестивни непријатности кои ти создаваат трема и на работното место и надвор од него.

San Sebastian Spirulina има меки ѕидови и затоа е 95 % сварлива, а тоа води до подобрено варење на храната и празнење на цревата.

Spirulina San Sebastian може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети… во дрогериите на ДМ-дрогерии, Cosmo – Тинекс и во сите подобро снабдени аптеки.
Или нарачајте ONLINE со кликнување на копчетo КУПИ ВЕДНАШ

Повелете со нарачка на 02 3218 821