Секое утро на празен желудник 600 милитри вода

Сите веќе знаат дека е потребно да се пијат две литри вода дневно, но кога треба да се пие, ретко кој знае.

Имено, јапонските научници тврдат дека секое утро на празен желудник треба да се испијат четири чаши по 150мл вода, односно вкупно 600 мл вода.

Водата ќе го прочисти вашиот желудник, но и ќе го намали ризикот за развој на разни болести.

Имено, водата ги прочистува цревата и ја зголемува способноста на желудникот да ги апсорбира нутритиентите од храната која ја јадете.

Постапката е следна:

Штом ќе се разбудите, пред да ги измиете забите, испијте 600 мл вода. После тоа измијте ги забите, подгответе се, но немојте ништо да јадете и пиете. После 45 минути појадувајте, а после појадокот немојте ништо да јадете, ниту да пиете во следните два часа.

Водата помага при ослободувањето на токсините од нашето тело, а тоа прво почнува да се забележува на лицето и телото, односно кожата. Вашето лице ќе станува се повеќе свежо и чисто.

Пиењето на вода што ќе се разбудите ќе го намали времето кое му е потребно на телото да создаде нови клетки и мускулно ткиво.

Ако пак не внесувате доволно вода, можете да го зголемите ризикот од разни болести, како рак на дојка, рак на матка, леукемија, дијабетес, камења во бубрег, астма, запек, главоболка и многу други.

Ако ви е премногу да пиете 600 мл вода веднаш штом ќе се разбудите, започнете со мали количини кои постепено ќе ги зголемувате.