Неверојатни работи може да се случат кога ќе се откажете од глутен, месо, алкохол и преработен шеќер за само 21 ден. Никогаш претходно не сум била на здрава исхрана, некои диети кои не траеа долго и никогаш не сум почувствувала потреба да се откажам од нешто. Се чувствував здраво, немав никакви сериозни здравствени проблеми и мислев дека оброците ми се прилично здрави во најголем дел од времето.
Некои од моите пријатели пробаа разни работи, вклучително и храна без глутен или откажување од шеќер, па тоа ме зачуди. Можеби тоа е нешто што треба да направам? Можеби ми недостасува нешто? Можеби ќе бидам малку поздрав. Сега, можам само да кажам дека избегнувањето на овие работи е билет за неверојатна енергија, слабеење, здрава и чиста кожа. За да дознаете, решив да ја завршам 21-дневната програма за исхрана. Тие понудија група за поддршка на Фејсбук и дневна мотивација за да продолжам и се чинеше дека е многу повеќе во споредба со некои други што ги разгледував! Така, 21 ден се откажав од глутен, млечни производи, преработен шеќер, црвено месо, алкохол и кафе. Еве што се случи:
Открив дека не треба да се плашам да чувствувам глад
Чувството на глад е во ред и да се биде гладен не е нешто што треба да се измолкне кога ќе го почувствуваме тоа. Програмата ми помогна да сфатам што значи вистински глад наспроти емоционален глад и таа вештина ми помогна да ги задржам моите потреби под контрола дури и по завршувањето на програмата.
Верувајте, внесуваме многу шеќер во текот на денот!
Покрај тоа што јадев сосема здраво порано, бев многу изненадена да откријам по чистењето дека толку многу работи содржат шеќер. Јас ги преполовив количините на природни засладувачи и се чувствував многу подобро!
Моите болки, главоболки и болки во мускулите исчезнаа
Никогаш не сум имала сериозни здравствени проблеми, но болките во зглобовите и главоболките почнаа да се зачестуваат. Со овој начин на исхрана, тие се минато!
Открив дека оброците без месо сè уште можат да ме задоволат и да ми дадат многу енергија.
Многу луѓе сметаат дека оброкот не е целосен без месо, изненадувачки но уживав во оброците без месо повеќе отколку што мислите. Се чувствував поенергично, а лесно.
Јогата е вистинско чудо!
Во минатото се обидував да се стремам 1 час да вежбам јога, но сега тој ефект го постигнувам со само 15 минути секое утро и не можам да си го замислам животот без јога!
Јас повеќе не се плашам од масти
Беше прилично вметнато во нашата психа дека мастите е она што не дебелее, но откако вметнавме повеќе здрави масти во мојата исхрана, мојата кожа е подобрена, се чувствувам најаден по секој оброк и ослабев некој килограм.
Спијам како бебе
Се чувствував полесно и сфатив дека ова помогна да го подобри моето спиење, давајќи ми уште поголема енергија отколку порано.
Јадењето здраво не е лишување, туку експериментирање и додавање повеќе добри работи
Тоа е навистина лесно, нови рецепти, вештини и храна која сме заборавале да ја вклучиме во исхраната. Сега е време за нови состојки!
Се чувствувам посигурно
Можеби причината е губење на тежината, појасна кожа или едноставно само фактот дека јас одвојувам време да го негувам моето тело, но ја сум многу среќна и самоуверена.
Вклучувањето на пријателите го олеснува процесот
Дваесет и еден ден може да изгледа како прилично долго време за некој да се придржува до некој одреден план, но кога ќе го сторите тоа со пријателите, тоа е забавно и имате некои луѓе на кои им верувате, имате поддршка и мотивација!
Од стекнување на екстра енергија и намалувањето на несаканата тежина за подобрување на дигестивното здравје, илјадници луѓе сега се чувствуваат подобро од кога и да е. И возбудливо е, па зошто да не можеш и ти? Програмата не е завршена! Можете да се придружите во секое време и да го започнете своето патување во поздрав живот исто како оние кои веќе ги завршија своите 21 дена. Прочитајте некои од коментарите од страницата на фејсбук.
„Моето ниво на расположение и енергија се подобри. Се чувствувам енергично и среќно“ – Анџела П.
„Оваа програма ми даде чувство дека сум способна да готвам вкусни јадења за да го нахранам моето тело, ум и дух. Исто така и подеднакво важна е јогата. Љубов, сочувство и деликатес се главните состојки што ја пробиваат оваа прекрасна програма“- Клаудија С.
„Оваа програма ме инспирираше со нови, многу едноставни начини да вметнам уште повеќе зеленчук и билки во мојата исхрана и ми наметна некои нови навики. После работа, возам ролери 2-3 пати неделно, се чувствувам прекрасно!“- Џени Х.
Зарем не е време да го притиснете копчето за рестарт и да го промените животот засекогаш?