Доколку сте љубител на вкусот на шампињоните и вистински гурман кој ужива да подготвува необични гастрономски задоволства овој рецепт е вистинскиот избор за вкусен попладневен ручек .
Состојки:
250 гр шампињони
1 главица кромид
2 лаж. Брашно
750 мл млеко
масло за јадење
сол
мелен црн пипер
Подготовка:
Во тенџере на оган пржете го ситно исецканиот кромид додека
не омекне. Додадете ги шампињоните исечкани на тенки листови и пржете додека не испари течноста.
Потоа непрекинато мешајќи додадете го брашното.
Откако брашното ќе се испржи во тенџерето налејте го млекото, посолете и зачинете со мелен црн пипер.
Варете 10-тина минути за чорбата да добие кремав изглед.
Послужете ја чорбата со коцки препечен леб.
Добар апертит!