Внатрешна употреба: Рицинусовото масло е многу корисно бидејќи темелно ги чисти цревата по само една доза и создава полумека столица во рамките на 2-8 часа од земањето. Маслото е неутрално и смирувачко додека не дојде до цревата, и додека не го разработи-ензимот липаза, после што се ослободува надразнувачка рицинотеична киселина. Таа ги стимулира сите црева и со тоа прочистува. Маслото подмачкува и се добива лесна столица без напрегања кои можат да предизвикаат други пургативи. Поради благоста рицинусовото масло е погодно за сите возрасти, нормална доза е 5-15 ml за возрасни и за деца 5 ml ( да не се надминува дозата!)
Надворешна употреба: Рицинусовото масло ја смирува и се впива во кожата. Тоа ја омекнува тврдата кожа на рацете и нозете, го олеснува отстранувањето на мрсното ткиво и отоците. Ако се капне во очите,ја смирува иритација и болката кога во окото навлегло страно тело. Тоа е одлично за вашата коса, бидејќи го стимулира растот и го подобрува квалитетот на косата. Ставете лажица масло на вашата коса пред миење, така ќе ја освежите, а ако го втриете во скалпот ќе го излечите првутот и намалите губењето на косата.