Лекарите и експертите за здрава храна често ја повторуваат препораката: дека рибата на трпезата треба да биде што почесто застапена, со цел внесување на повеќе витамини и минерали. Како пример, се наведуваат Јапонците и жителите на приморските земји, бидејќи тие во исхраната често користат риба, а во просек живеат подолго и имат многу помалку проблеми со малигните и кардиоваскуларни болести.
Кога би ги погледнале рекламните кампањи на големите и мали фармацевтски компанија, се гледа дека сите препорачуваат таблети или капсули со омега-3 масни киселини. Иако современите лекови и препарати се богати со потребните витамини и минерали, сепак најздраво е да се внесуваат во организмот низ природна и здрава храна. Затоа е потребно да се консумира риба неколку пати неделно така што во нашето тело би внесувале доста хранливи и лековити состојки.
Што сè рибиното месо и масло содржат?
Тоа што рибата како храна ја прави посебна е фактот дека таа содржи малку калории, а доста корисни состојки потребни на организмот.
Наведуваме некои од важните состојки кои се наоѓаат во рибиното месо: бакар, протеини, витамини Б-комплекс, железо, јод, калиум, калциум, натриум, полинезаситени масни киселини, селен и цинк.
Како рибиното месо делува на нашето здравје?
Докажано е дека рибиното месо и рибиното масло како составен дел на редовната исхрана ја намалуваат веројатноста за настанувањето на инфаркт, ги штитат коските, го спречуваат настанувањето на ракот и го успоруваат процесот на стареење.
Наведуваме против кои болести и тегоби рибиното месо делува како лек: акни, анемија, анкциознот, болести на крвните садови, болести на срцето, дебелина, губење на помнењето, депресија, импотенција, имунодефицијенција, некои видови на рак, неплодност, несоница, остеопороза, зголемен крвен притисок, предменструален синдром, проблеми со кожата, проблеми во менопаузата, проблеми во бременоста, синдром на хроничен замор, намалено ниво на триглицериди во крвта, стрес, го успорува процесот на стареење и при хипертензија.
Покрај тоа што рибата припаѓа во здравата храна, кај некои особи се јавува преосетливост на рибино месо, па таквите особи би требало да ја избегнуваат рибата во исхраната. Во такви ситуации треба да се посоветувате со лекар, така што ќе ви биде посочен начинот на кој ќе ги внесувате потребните хранливи материи во потребни количини во огранизмот.
Од неведеното се гледа дека рибата треба почесто да биде застапена во исхрана, покрај останатото и поради тоа што организмот не може да ги синтетизира полинезаситените масни киселини, па мора во организмот да ги внесува од храната.