Редовното користење на јогурт во секојдневната исхрана ќе го намали вашиот крвен притисок

Јогуртот најчесто го земаме за подобрување на варењето или после антибиотска терапија со цел да ја подобриме цревната флора, но едно истражување на Националниот институт за здравјето на срцето во САД покажа дека секојдневното консумирање на јогурт е одлична превенција од појавата на висок крвен притисок.

Со долгогодишно набљудување на повеќе од 2000 доброволци кои на почетокот имале нормален крвен притисок, на крајот на студијата се дошло до заклучок дека тие кои редовно пиеле јогурт ретко имале покачен крвен притисок, па дури и малите количини биле значајни за неговото регулирање.

Испитувачите истакнуваат дека секојдневното консумирање на јогурт за една третина го намалува ризикот од висок притисок, а тоа го објаснуваат со фактот што јогуртот содржи големи количини на калциум и протеини кои се потребни за благотворно функционирање на организмот, со што благотворно делува на притисокот и работата на надбубрежната жлезда.

Дневно се препорачува 1 јогурт со ниска масленост, кој заедно со физичката активност ќе помогне во превенцијата од срцевите заболувања.