Со редовно четкање на забите до поздраво срце

Редовното посетување на стоматолог, може да ви донесе многу повеќе од сјајна насмевка.

Според едно истражување во Тајван, луѓето кои редовно оделе на професионално чистење на забите, имале дури 24 % помала веројатност да заболат од кардиоваскуларни болести. Ризикот од срцев удар се намалил за 13 % во однос на оние кои никогаш не биле на стоматолог.

Лошата орална хигиена секогаш била поврзувана со многу заболувања, но сега, со ова истражување е докажано дека во голема мера влијае на срцевите заболувања и заболувањата на крвните садови. Овие две заболувања, научниците ги поврзале со тоа што со самото миење на забите и уништувањето на бактериите од усната шуплина, допринесува за намалување на воспалителни заболувања. Токму бактериите се причинители за кардиоваскуларните заболувања и ослабување на срцевиот мускул.

Повеќе од 100000 луѓе кои учествувале во истражувањето, и тоа лица кои во во семејната анамнеза немаат историја на срцеви заболувања, дебелеење или членови на семејствa биле страсни пушачи во период од 20 години.

Резултатите од овие истражувања, пред се се охрабрувачки, бидејќи, како што тврдат лекарите кои го спроведувале ова истражување, доволно е само еднаш годишно да посетиме стоматолог и да направиме професионално и стручно чистење на забите, за да го намалиме ризикот од срцеви заболувања и потешкотии. Ќе признаете и дека сето тоа и не е толку скапо и не бара многу време од вас. Ви треба само малку одговорност.

Водете сметка за оралната хигиена, бидејќи секоја храна која ја внесуваме во нашиот организам доаѓа од устата и доколку сме совесни и одговорни кон себе, нема да имаме проблеми подоцна во животот.