Рецепт: Печен лук со мајчина душица

Исечете цели главици лук на средината и ставете ги на плех за  печење, така што исечената страна да биде свртена нагоре. Прелијте преку главиците со добро маслиново масло, не го штедете. Зачинете со свежи лисја мајчина душица , морска сол и бибер. Убаво покријте ги со фолија и печете ги во рерна на 180 С Целзиусови околу половина час. После тоа, отстранете ја фолијата и печете уште десет минути за лукот да добие убава боја.

Вака испечениот лук можете да го користите како намаз за тост лепчиња, едноставно со прсти истискајте ги меките и лепливи чешниња, додадете малку сирење и ќе добиете совршено предјадење.

Вака печениот лук можете да го спремите и како зимница, едноставно чешнињата истиснете ги изгмечете, ставете ги во тегла и прелијте ги со маслиново масло.

Можете да го употребувате за различни сосови и како додаток во јадењето.

Кликни за повеќе информацииbaner-prodazni-mesta