Сода бикарбона е еден од малкуте производи кои години наназад се нудат на пазарот како средство за чистење на заби и како ублажувачко средство при болки во стомакот. Иако денес има многу поголем избор на производи за нега и убавина отколку во минатото, сепак употребата на сода бикарбона е разновидна.
Сода бикарбоната може да се употребува како замена за шампони, при бричење, при помали изгореници и исекотини, или за релаксација во бања. Како таква, може да е една од клучните состојки кои ви се потребни за одржување на убавината и здравјето. Ќе се обидеме да ви посочиме на кој начин и за какви цели може да ја употребувате сода бикарбона.
Ќе започнеме со косата … За темелно чистење на косата: додадете една кафена лажичка сода бикарбона во вашиот шампон. Сода бикарбона во комбинација со шампонот, ќе ви помогне да го отстраните вишокот на кондиционер (омекнувач за коса), заостанатите гелови, креми и спрејови за коса, а на тој начин и да се подобри состојбата на косата.
Како отстранувач на хлор: исплакнете ја косата со вода во која имате ставено пола кафена лажичка сода бикарбона, за да ја заштитите боената коса од губење на бојата кое е предизвикано од хлорот, кој најчесто го има во базените.
Чешли и четки за коса: Лакот за коса и маснотиите кои се насобираат на чешлите и четките за коса можат лесно да се отранат ако се стават во сад со топла вода во која има додадено 3 големи лажици сода бикарбона и 3 лажици од средство за белење.
За дланки: Сода бикарбона помага во отстранување на мирисот на риба, лук, кромид од вашите дланки, при комбинација со течен сапун.
Лакти: нанесете и втривајте сода бикарбона на вашите лакти, за да ја измазните грубата кожа и да ги отстраните натрупаните клетки.
Стапала: потопете ги уморните нозе во леген со вода во кој претходно сте додале 3 лажици сода бикарбона. Сода бикарбона е многу ефикасна доколку имате проблем со чешање на стапалата. Во таков случај, ставете четири лажици сода бикарбона во едно легенче вода и потопете ги стапалата. Останете така десетина минути додека не се ослободите од чувството на чешање. Сода бикарбоната помага и при отстранување на грубата и мртва кожа на стапалата.
При незгоди: за намалување на болка при изгореници, направете раствор од 4 лажици сода бикарбона во литар вода. Нанесете го на изгорената површина.
Релаксирачка бања: додавањето на сода бикарбона во вашата подготвена бања, постигнува омекнувачки ефект на кожата. Нанесете половина шоља сода во полна бања. За ослободување од стрес на кожата, направете бања во која ќе додадете една шоља сода бикарбона и 11/4 шољи масло за нега на бебешка кожа.