Развиена вакцина против никотинска зависност

Научниците од американскиот институт за истражување „Скрипс“ тврдат дека развиле вакцина против зависност од никотин. Вакцината делувала на лабораториски глувци, а во наредниот период се очекува тестирање на луѓето.

Научниците во вакцината ги споиле никотинските антигени со молекули на еден протеин. Тестирањето на вакцините на глувците поминало успешно на глувците.

Откако супстанцата ќе се вбризга  во крвотокот на лабораториските глувци, нивните организми почнале да произведуваат анти-тела кои би уништувале честичките на никотин пред тие да стигнат до мозокот.

Ким Јанда, водечкиот научник меѓу истражувачите кои ја развија оваа вакцина изјави дека целта му била во телото да предизвикаат контра реакција така што никотин само ќе биде отфрлен. Рекол дека не знае кога ќе почнат тестирањата на вакцината на луѓето. Тој смета дека вакцината ќе делува и на други зависности што ќе се утврди во наредниот период.

Доколку вакцината би делувала, таа би им помогнала на милиони луѓе ширум светот. Истражувањето е објавено во научното списание за медицинска хемија „Journal of Medicinal Chemistry “.