Има денови во месецот кога секоја од нас посакува да остане дома во кревет и да не разговара со никого. Деновите на ПМС знаат да бидат тешки, собено доколку истите се проследени со болки кои тешко се контролираат. Надуеност на телото, грчеви, умор, промена на расположението, нервоза, депресија, неконтролирана глад, осетливост на дојките, болки во грбот и во долниот дел од стомакот…
Сите овие симптоми се крајно непријатни и секоја жена се обидува на најразлични начини да ги спречи или ублажи. Па еве супер навики кои ќе помогнат за надминување на сите промени кои се случуваат тие денови.
1.Внесувајте повеќе витамин Б и калциум
Внесувањето витамин Б во вашата утринска рутина може да ви помогне да ги намалите симптомите на ПМС. Земањето поголема доза од овој витамин би можело да ги намали тешките симптоми како лошото расположение, анксиозноста или недостатокот на енергија. Обидете се овие денови да консумирате повеќе јаткасти плодови, сирење, говедско месо, ориз, кикирики, семки од сончоглед и ореви.
2.Внимавајте на шеќерот
Шеќерот може многу силно да влијае на вашите хормони, а со самото тоа и на поголеми ПМС симптоми.
Веројатно сте забележале дека шеќерот го подигнува и намалува расположението и во нормалните денови, а уште повеќе во оние тешките. Во ПМС деновите обидете се да консумирате многу протеини, влакна, здрави масти и зелен зеленчук.
3. Избегнувајте алкохол и кофеин.
Кога сте во оние денови, кофеинот и алкохолот можат само дполнително да допринесат за стрес, анксиозност и болки. Најдобро е да да ги консумирате откога ќе завршат тие денови.
4.Вежби
Вежбањето и потењето можеби се последната работа на која ќе се сетите во времето на ПМС, но ако во тие денови отидете на тренинг, ќе сфатите дека тоа всушност е многу добра идеја.
Вежбањето го излачува хормонот серотонин или познат како хормон на среќата кој ќе ви помогне да го избегнете лошото расположение.
5.Темно чоколадо
Вкусното темно чоколадо содржи природни состојки за подигање на расположението, како и магнезиум, омега 3 масни киселини и мали количини на шеќер.
Ова е дефинитивно добитната комбинација за борбата против негативните симптоми на ПМС.