Пушењето како ризик фактор за шизофренија

Шизофренијата одавна е позната како наследна болест. Но и покрај тоа, за развојот на болестта влијаат и други фактори, разни животни ситуации и штетни навики. Меѓу овие штетни навики, на прво место е пушењето.

Ризикот е многу поголем кај пушачите, откриваат експертите. Тие сметаат дека постои врска и помеѓу опасноста од шизофренија и бројот на испушени цигари.

Во експериментот учествуваат 1800 души, а резултатите се разочарувачки – пушењето го зголемува ризикот за развој и појава на психички растројства, велат како заклучок тие.