Прва линија наодбрана од настинка и грип: кефир, феферони и печурки

Во пресрет на сезоната на настинки и грип јадете што повеќе кефир, лути пиперки, печурки кои се богати со минерали, антиоксиданси и витамини. Со фокусирање на исхраната на нив, го намалуваме ризикот од воспаление и оштетување на клетките, а така се штитиме од тие досадни зимски заболувања.

Нутриционистите препорачуваат помрсна риба како лосос, туна и скуша, бидејќи благодарение на омега 3 масните киселини помага да се намали ризикот од штетни воспаленија. Јадењето риба или земањето на гореспоменатите видови на масни киселини, но редовно, помага во намалување на стресот што предизвикува пад на имунитетот, според истражувањето на Универзитетот во Мериленд. Еве со што друго треба да го збогатите вашето мени.

ANASONPimpinellaAnisum4-504

СЕМКИ ОД АНАСОН

Лековитите својства на анасон му биле познати и на „таткото“ на медицината, Хипократ, а здружението на фармацевти на САД откри дека анасонот ги ублажува проблемите и симптомите на кашлање, со тоа што ги чисти дишните патишта. Треба да земате чисти семки, но и од корист е дури и на анасон зачинет со цимет и мед.

jpg.jpeg_780375194 (1)

ЛУК

Овој природен антибиотик ја намалува за 50 проценти веројатноста да оболите од грип, а освен тоа го штити телото од други воспалителни процеси. Со готвење се уништуваат антиоксидансите, па затоа користете го во својата сирова состојба.

1

ЈОГУРТ И КЕФИР

Бактериите кои се наоѓаат во јогуртот и кефирот се сојузници на здравата микрофлора, која обезбедува имунитет и одбрана против болести. Покрај тоа, дневниот внес на пробиотици го намалува ризикот од инфекции на респираторниот тракт.

Tea_in_different_grade_of_fermentation

ЧАЈ

Сите чаеви содржат антиоксиданси со заштитни својства кои помагаат во обрана на телото. Според една јапонска студија, луѓето кои секојдневно пијат чај имаат три пати помалку можност за да заболат од грип, но, исто така, го намалуваат ризикот од рак или срцеви заболувања.

2

ФЕФЕРОНИ

Како и лимонот, лутите пиперки се богати со витамин Ц, кој помага во борба против бактерии и вируси. Една пиперка содржи околу 150 мг на витамин Ц, додека еден портокал само околу 100 мг на овој витамин. Освен тоа, капсаицинот, која е активна состојка во лутите пиперки која го прочистува респираторниот тракт и ја олеснува мобилноста на синусите.

mushroom-group

ПЕЧУРКИ

Тие се богати со антиоксиданси, калиум, витамин Б и влакна, а докажано е нивниот анти-воспалителен ефект

cooked_turkey

МИСИРКА

Протеините во белото месо, какво што е мисиркиното, е основа за антителата со кои организмот се бори против бактериите и вирусите. Затоа, белото месо е добар избор во студените есенски денови.

10bd1e215a7239b02e00cb3bb7f7ad77

БОРОВНИЦА

Ова овошје содржи повеќе активни антиоксиданси од било кое друго свежо овошје и затоа се најдобри сојузници на добриот имунолошки систем, според студијата од Универзитетот „Корнел“. Добар избор се и замрзнати или сушени, бидејќи тие исто така, се богати со витамини.

e8c4042b13505436

БРАЗИЛСКИ ОРЕВИ

Тие се полни со протеини, здрави масти и селен, кој помага при грип. Доволно е да изедете 2 – 3 бразилски ореви на ден. Поголемиот износ поради филтинската киселина со која е богата, може да ја попречи апсорпцијата на железо и други минерали.

cach-lam-trang-da-voi-khoai-tay5-679x520

МОРКОВИ И КОМПИР

Бета каротинот во морковите и компирите помага при претворање на витамин А и одржување на здравиот имунолошки систем. Кај воспаление на слузницата на носот и грлото особено е корисно да се зголеми внесот на овие две хранливи материи.