Протеинот, познат како mBDNF е основен за зачувување на податоците повеќе од еден ден.
Одредени клеточни ензими играат главна улога во производството на протеинот потребен за долгорочна меморија, тврдат истражувачите од Националниот институт за здравје и човечки развој. Протеинот, познат како mBDNF (мозочен невротропски фактор) е основен за зачувување на податоците повеќе од еден ден. После сложениот биохемиски процес овој протеин се ослободува во мозокот, одејќи во надворешниот дел на невронот. Во оваа точка се врзува за рецепторите на други неврони и ги стимулира на долгорочна меморија.
Овој специфичен протеин е откриен кај експерименталните животни во лабораторија, кои генетски не биле способни да го произведат. Последица на неговиот недостаток е краткотрајната меморија на заморчиња. Ова сознание во иднина може да помогне во лекувањето на нарушеното учење и меморија.