Проблеми со кожата и решенија со Арган

Со векови, мароканските жени ги криеле тајните на нега на кожата, кои не само што ја чистат, туку исто така, ја лекуваат и обновуваат.

Денес, овој чудесен производ е познат во светот и многу популарен меѓу жените на сите континенти.
Можеби сте се обиделе досега или не, но сигурно, сте чуле барем за него.

Да, тоа е аргановото масло – течното злато од Мароко!

100% е природно и многу е богато со есенцијални масни киселини, главно линоленска киселина која ја заштитува кожата од штетните слободни радикали. Поради високата концентрација на витамин Е во аргановото масло и неговите други хранливи материи, секојдневната употреба значително ја подобрува состојбата на кожата.

Вие би можеле да го додадете аргановото масло во вашата секојдневна нега на кожата или користете го повремено, на проблематични делови. Добро нешто е тоа што е подобно за сите видови кожа, дури и за чувствителна кожа.

Заштедете пари и задржете го вашиот режим на убавина едноставен! Се што ви треба е шишенце од 100% чисто арганово масло.