Доколку навистина настојувате да водите здрав живот, за почеток во своето мени внесете го овој здрав пијалак кој го направил Харли Пастернак, познат фитнес тренер на славните личности, како Џесика Симпсон, Кејти Пери и Ешли Тисдејл.
За омилениот пијалак на Кејти Пери потребни ви се само пет состојки:
– 5 свежи бадеми
– 1 црвено јаболко
– 1 банана
– ¾ филџан јогурт со намалени масти
-1/2 филџан млеко со намалени масти
– малку цимет
Сите состојки измешајте ги во блендер и добро изблендирајте, за бадемите добро да се сомелат.
Овој пијалак е најдобро да го консумирате наутро бидејќи е богат со протеини, калциум и влакна кои ќе ви дадат доволно енергија за почетокот на денот, ќе го забрзаат метаболизмот и ќе ве држат сити до ручекот.