Несомнено е дека повеќе од половина од луѓето имаат проблеми со тврда столица, а доста често се јавува и опстипација или народно познато како запек. Причините поради кои се јавува овој проблем најчесто е брзата храна и недоволното количество на течна, односно чорбеста храна. Ние денеска ви нудиме неколку совети и едноставен рецепт за надминување на овој проблем.
Еднаш до двапати неделно задолжително јадете чорбеста храна.
Секојдневното конзумирање на брза храна е главен причинител за тврда столица, проблеми при дефекација и честа опстипација.
Конзумирајте многу овошје.
Редовно конзумирајте многу овошје во текот на денот. Колку и да не сте во можност, потрудете се ниту еден ден да не ви помине без изедено барем едно јаболко, бидејќи јаболкото и сливата се сметаат за многу добри во надминување на овој проблем.
Бидете физички активни.
Физичката активност ја подобрува цревната перисталтика како и работата на целиот дигестивен систем, па така ќе допринесе за превенција на отежнатата дефекација и опстипација.
Едноставен природен рецепт против тврда столица и опстипација:
Потребни состојки:
– 500 грама сува смоква
– 500 грама сува модра слива
– 3 литри вода
Приготовка:
Сливата и смоквата ставете ги во сад со 3 литра вода. Ставете го садот на оган. Оставете го да се вари се додека во садот не се намали течноста за некаде половина литар.
Конзумирање:
По 100 грама од течноста пиеме пред и после оброк. Оваа природна терапија ја користиме редовно повеќе денови. Резултатите ќе ги видите сами.

