5 до 12: Предновогодишно разубавување

Понекогаш ни се чини дека естетските корекции и скапите третмани се најбрз начин да го подмладите вашиот изглед. Меѓутоа, со помош на овие брзи совети за убавина, ќе го освежите својот изглед на природен начин.

1. Со правилна депилација на веѓите може да го ублажите заморениот изглед на очите. Наместо затегање на лицето, посетете некој козметички салон во ваша близина, за да ви ги корегира вашите веѓи, така што ќе го отвори лакот и местото околу очите. Доволна е само една посета на козметичар за идеален облик на веѓите, по што ќе можете тоа и дома сами да го правите. Клучот на сето тоа е да го следите лакот на челото и да ја пронајдете вашата природна линија на веѓите, па потоа почнете со постепено вадење на влакненцата едно по едно. Потоа може да ги дефинирате со малку посветло моливче од вашата природна нијанса. Другата можност е да се поминете малку со светла пудра и така да ги осветлите коските околу веѓите. Така ќе ги направите очите поголеми и поцврсти. Во едно, со осветлување на веѓите за нијанса или две во однос на косата, ќе ги намалите подочниците и ќе изгледате помлади. Но, сепак препуштете им го тоа на експертите, да не направите катастрофа.

2. Со нанесување на крема на областа околу очите на база на леска, камилица и други растенија кои дејствуваат против воспалително можете да го намалите натечувањето на капаците, а ако додадете и коректор за подочници во вид на крем со жолта или нијанса на праска и тоа за една нијанса посветла од лицето, ефектот ќе биде одличен.

3. При изборот на молив за усни одлучете се за една нијанса потемен молив од сјајот за усни, па со моливот исцртајте ги усните. Нанесете сјај и малку размачкајте го моливот за линијата да не биде многу остра. Сјајот ги рефлектира усните и прави тие да изгледаат пополни за разлика од карминот кој ги прави тешки, тврдат експертите.

4. Убавиот поглед ќе биде посвеж доколку го дефинирате со истакнати трепки. Прва и најисплатлива можност е да ги извиткате со помош на виткач на трепки, а за дополнителен ефект нанесете маскара.

5. Образите и кожата на лицето истакнете ги со руменило и со пудра која е за една до две нијанси потемна од вашиот природен тен на кожата. Повлечете дијагонална линија под јаболчниците, при што треба да внимавате линиите са се усогласат со останатата шминка. На крај само допрете ги образите со малку руменило.

6. Течната пудра и руменилото ќе ја намалат појавата на мали брчки бидејќи содржат повеќе влага. Покрај тоа правот навлегува во линиите и повеќе ги истакнува.

7.Ставете го показалецот странично. Погледајте нагоре и колку можете повеќе подигнете ги горните капаци. После 30 секунди на кратко затворете ги очите па повторете ја постапката неколку пати. Тоа ќе овозможи да се намалат вдлабнатините под очите и да се подигнат капаците и од долниот дел на лицето.

8. Во сад за мраз замрзнете сок од ананас, со коцката мраз поминете преку исчистената кожа, така останете 3 до 5 минути, па измијте се. Ензимите од ананасот ќе ја зголемат еластичноста, ќе ја хидрираат кожата и ќе и направат пилинг.

9. Надувајте ги образите најмногу што можете и нежно допирајте ги со дланките додека да излезе воздухот- два до три пати дневно. Ако почувствувате дека ве болат мускулите, тоа значи дека вежбата ви успеала.

10. Темните кармини често ги истакнуваат недостатоците наместо да ги прикријат. Темните мат сјаеви исто така ќе допринесат усните да изгледаат постаро. За помек изглед одберете посветол сјај, најдобро светкав. Светлите усни изгледаат младолико и ќе ги намалат слабите недостатоци како што се линиите околу усните, при што и визуелно ќе ги зголемат усните. Посветлата пудра на целото лице ќе ја истакне целата површина , а потемните нијанси под вилицата ќе направат изглед на сенка, а тоа ќе направи подбрадокот и опуштената кожа да изгледаат помали. Внимавајте двете страни да се еднакви и да не се гледа линија од бронзерот. Малку бронзер можете и да нанесете странично на вратот. Негувајте се со креми кои ја затегнуваат и подигаат кожата.

11. За да го изедначите тенот лесно поминете со четка и пудра во прав за нијанса потемна од бојата на кожата по должината на вилицата. Со четка за сенка поминете со истата пудра на страните на капаците за да ги истакнете очите.

12. Употребувајте квалитетна крема против брчки, па навечер пред спиење нанесете ја во малку подебел слој на челото и околу очите, односно на линиите околу усните. Додека спиете мускулите на челото, околу усните и очите се опуштени, па полесно ќе ја впијат кремата. Тоа ќе помогне кожата да се обнови и со време брчките да се намалат.

13. Перничињата под очите ќе ги намалат соодветните креми за околу очи, кои содржат костен, камилица или други билки кои го намалуваат воспалението и отоците.

14. Употребата на потемни нијанси во однос на природната боја на кожата можете да ја смените визуелно формата на носот. Нанесете малку посветла пудра по средината на носот, од очите до врвот. Потоа нанесете бронзена или потемна пудра на страните од очите до врвот. Внимавајте, да ги усогласите двете страни и боите да се преливаат.

15. Маската за зацврстување ќе ве подмлади за неколку години пред вечерашното излегување или пред битен работен состанок. Во секојдневната нега исто така користете ги кремите кои ја затегнуваат кожата, но и оние кои го поттикнуваат производството на колаген. Понекогаш ставете маска од белки и сок од лимон.

16. Специјалистите препорачуваат и редовна масажа за време на чистењето на лицето, па масирајте го од центарот на брадата со мали кружни движења. Со лесни движења мазнете ги линиите и брчките, па завршете на челото. Масажата ќе ја зголеми циркулацијата во лицето.