Породување со царски рез ?! … прашања & одговори

Царски рез е акушерска операција каде породувањето се изведува преку рана направена со пресекување на абдоминалниот ѕид и матката. Не се знае точно кога за прв пат е направена оваа операција. По една легенда со оваа операција е роден римскиот император Цезар и од тогаш потекнува името Царски рез. По друга легенда, во средниот век, некој германски месар по име Кајзер, успешно со помош на овој рез, ја породил својата жена која не можела да се породи по вагинален пат. Од овде овој рез е наречен кајзеров. Што преведено од германски значи царски.

СВРТИ ГО ТРКАЛОТО НА СРЕЌА И ОСВОЈ ПОПУСТ ДО 40% ПОПУСТ ВО АЛФАЛАБ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ПОЧЕКАТЕ 30 СЕКУНДИ ЗА ДА ВИ СЕ ПОЈАВИ ТРКАЛОТО ЗА ПОПУСТ.

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Вистината е всушност поинаква. Поимот царски рез веројатно потекнува од изреката ab utero caeso, што во превод значи пресечена матка.

Според расположливите податоци, оваа операција за првпат е направена во 16-тиот век.

Индикаци за царски рез

Индикациите може да се поделат на апсолутни, релативни и проширени.

Во апсолутни се вбројуваат состојби кај кои единствено со абдоминална операција може да се заврши раѓањето. Тоа се апсолутно стеснета карлица, централна плацента превија, абрупција на плацентата, заканувачка руптура на матката, генитален херпес, голем несразмер помеѓу големината на плодот и карлицата на родилката, напречна положба со жив плод, без водењак, тумори на карлицата и тумори на матката кои се поставени на излезот.

Релативни индикации – неправилна положба на плодот, дефлексиони држења на плодот, застој во растот на плодот, знаци за заканувачка асфиксција на плодот, поранешни операции на телото на матката (царски рез и миоемектомија), масивни кондиломатозни промени на вулвата и вагината итн…

Проширени индикации – карличен став на плодот кај постари прворотки, предвремено пораѓање кај карлична презентација, пораѓање кај првородилки во поодминати години со ригидитет на меките делови на родилниот канал покрај тоа, долго лечени од неплодност, случаи на пренесена бременост, неуспешна индукција, Rh-сензибилизација, итн…

Техника на изведување на царски рез

Царскиот рез денес се врши по абдоминален пат. Абдоменот се отвора по надолжен или инфраумбиликален рез, па по направената лапаротомија се пресекува мускулот на матката и се отвара маткината шуплина, а потоа се вади плодот и постелката заедно со обвивките. После направената рачна инцизија на маткината шуплина, се зашиваат најпрво рабовите на раната на матката, а веднаш после тоа се затвара абдоменот по слоеви.

Денес се врши обично низок попречен царски рез по Дорфлер. Класичниот корпорален рез со кој мускулот на матката се пресекува во кормпоралниот дел во надолжен смер е напуштен, бидејќи овој вид на операција создава услови за создавање на сраслини и тешки компликации.

Нискиот попречен рез по Долфлер се врши на следниов начин: абдоменот се отвара со надолжен или попречен рез, па во попречна насока се пресекува перитонеумот на бешиката во висина на везикоутериниот набор и бешиката се одлепува од предната страна на вратот на матката. Во височина на истмусот на ослободениот дел од мочниот меур, на матката се прави попречен рез во должина од 12-15см и низ него се вади плодот а одма после тоа постелката со обвивките. После тоа, рабовите на матката се зашиваат со кедгутски шавови во два слоја, а абдоминалниот ѕид се зашива по слоеви на вообичаениот начин.

Ако уште во текот на бременоста се процени дека раѓањето мора да се изведе по абдоминален пат со царски рез, тогаш станува збор за планирана или селективна операција – царски рез, без пробни обиди за вагинално породување. Во ситуации пак, кога на акушерот не му е јасно дали раѓањето може да се спроведе по вагинален пат се прави таканаречено пробно пораѓање и ако во тек на породилниот акт се заклучи дека за родилката и плодот е подобро раѓањето да се заврши со царски рез , се пристапува кон оваа абдоминална операција.

Царскиот рез е акушерска операција која се врши само во болнички услови со добра анестезија и обезбедени услови за евентуално давање на крв на родилката. И покрај сигурноста која современата медицина и ја пружа на родилката породена со царски рез треба да се знае дека тоа не е беззалезна операција и дека е пратена со многу поголем морбидитет и морталитет отколку раѓањето по вагинален пат. Исто така треба да се знае дека царскиот рез не обезбедува вонматеричен живот за секое новороденче. И оваа акушерска операција е пратена со смртност на плодот.

Поради тоа, царскиот рез треба да се врши само во навистина индицирани случаи и кога постојат оправдани индикации дека не треба многу да се одолговлекува со донесувањето на одлуката за изведување на оваа операција. Со неоправдано одолговлекување, поради можните инфекции и оштетувања на плодот, значително се намалуваат неговите изгледи да се роди здрав, неоштетен а со тоа способен за вонматкин живот.