Полни со енергија со само неколку едноставни трикови

Едно истражување спроведено од научниците од Универзитетот Јеил во САД покажало дека луѓето кои често медитираат можат на некој начин да ги “исклучат” деловите од мозокот кои се асоцирани со состојби како нервозата, анксиозноста, шизофренијата, нарушувања на вниманието и другите проблеми.  

Медитацијата е дел од многу антички традиции, а користа од неа – како што е исполнувањето со мир, намалената нервоза и способноста за бистро размислување – се добро познати. Додека медитацијата е корисна поради сите горенаведени состојби, таа е корисна и во секојдневниот живот бидејќи може да предизвика и зголемување на енергијата.   Медитирајќи на кратките паузи можете да се здобиете со мирот кој што ви е потребен, да соберете енергија и да ги освежите Вашите мисли.  Медитацијата е одличен начин да ја победите анксиозноста.

Еве неколку идеи кои можат да се земат во предвид:   На паузите од работа излегувајте надвор: На секои 90 минути излегувајте надвор на воздух на 10 или 15 минути. Ако не можете да излезете надвор поради временските неприлики, пробајте да гледате низ прозорецот или да гледате во некоја смирувачка слика. Вдишувајте длабоко низ носот и издишувајте низ устата. Не морате сево ова да го повторувате на точно 90 минути, но се верува дека има научен доказ зошто временскиот интервал е таков.

Обрнувајте внимание на вашите телесни циклуси: Истражувањата кои ја опфаќаат областа на сонот, велат дека седум часа сон е најоптималниот временски период за должина на сонот кај возрасен човек, тоа е така бидејќи ни дава 5 циклуси по 90 минути.

Моментот кога сме во најдлабок сон и каде што телото ја добива својата свежина, во мозокот се јавуваат делта брановите. Кога сме будни, мозочните циклуси се префрлаат од бета (активност) во алфа (релаксација) на секои 90 минути. Бидејќи живееме во раздвижено време каде што секој има се помалку време за себеси, ние често се бориме со алфа циклусот пиејќи кафе, енергетски пијалоци и јадејќи чоколадо.

Наместо тоа, посветете внимание на тоа што ви го кажува Вашето тело. Целта е мозокот да се префрли во алфа состојба на неколку минути, која што го активира парасимпатичниот нервен систем дозволувајќи му на телото да забави и мозокот да се регенерира. За ова доволни се 10 до 15 минути за да се почувствуваат последиците.

Овие техники можат да бидат од голема помош за повратокот на Вашата енергија, но не треба да бидат користени како замена за спиењето. Запомнете и дека на одреден временски период, треба да земете слободен ден и да се одморите вистински. Одберете некој ден и дадете им до знаење на луѓето околу вас дека нема да се јавувате на телефон ниту да одговарате на пораките. Тој ден правете го тоа што го сакате најмногу.