Појадокот од овесни снегулки повкусен од било кога ! … колачи, плескавици од овесни снегулки

Една од највредните и најлековитите житарки со малку имагинација лесно може на здрав начин да стане составен дел на секој оброк …

1. Колачи со цреши и индискиот ореви

Се мешаат овесни снегулки со ситно сецкани индиски ореви, кандирани цреши, малку маслиново масло и мед. Направете топчиња и ставете  ги во тавче  за печење во рерна. Се печат 15 минути на 200 ºС.

2. Крцкаво пилешко

Ставете овесни снегулки, ореви, сол и бибер во блендер и  миксирајте. Филетите од пилешко бело месо извалкајте ги во изматено јајце, а потоа во смесата која  ја  добивте од овесните снегулки. Наредете ги во тавче и печете ги во рерна  20 минути.

3. Печени јаболка

Излупете ги јаболката и со лажичка издлабете ги во средината. Измешајте  овесни снегулки, кафеав шеќер, стопен путер, брашно и цимет. Наполнете ги со оваа смеса јаболката и ставете ги во рерна да се печат околу половина час на температура од 180 ºС.

4. Овошно фрапе

Во блендер  ставете ½ чаша малини, една банана, една лажица овесни снегулки чаша јогурт, половина чаша сок од портокал и една лажица мед и се добро измешајте. Наместо јогурт, можете да користите и млеко.

5. Плескавици

Направете смеса за плескавици од мелено говедско месо овесни снегулки, јајца, сол, бибер и малку „Табаско“ сос. Формирајте ги плескавиците и пржете ги во тава околу 10 минути, во зависност од големината на плескавиците.