Похован кромид исполнет со кашкавал кој се топи

Има ли подобра комбинација од похован кромид и ладно пиво? Секако дека нема! Уште ако во средината има растопен кашкавал, па тоа би било комплетно летно уживање.

Ако добро ви звучи оваа идеја за закуска, повелете рецепт во продолжение. И не заборавајте да ги поканите пријателите.

Иако навидум сето тоа изгледа сложено, во суштина постојат неколку трикови кои значително ги олеснуваат работите и вашето одлично мезе ќе биде готово за само 15 -20 минути.

Состојки:

  • 2 поголеми кромиди
  • 3-4 парчиња моцарела (или омилениот кашкавал)
  • 2 чаши брашно
  • 5 јајца
  • 2 чаши лебни трошки
  • масло за пржење
  • сос по ваш избор

Начин на подготовка:

Убаво исчистете го кромидот и исечете го на прстени со дебелина од 1 сантиметар.

Исечете ја моцарелата на ленти и поставете ја помеѓу два прстени кромид.

Откако ќе го повторите ова со сите прстени кромид, оставете ги во фрижидер околу 1 час.

Секој прстен со кромид и моцарела најпрвин извалкајте го во брашно, па во јајца и на крај во лебни трошки. Потоа повторете ја постапката, но овој пат без валкање во брашно, односно уште еднаш во јајца па во лебни трошки.

Пржете на загреано масло неколку минути, односно додека не добијат златно-кафеава боја.