Третман против остеоартритис на вашата чинија
Доколку страдате од остеоартритис (ОА) на колената, имаме некои интересни и добри вести за вас. Исхраната богата со овошје и зеленчук се покажа дека помага да се намали воспалението и болката во зглобовите. Прочитајте за да дознаете како може храната да ви помогне во оваа состојба.
Како помага храната
Воспалението произведува слободни радикали, молекулите што ја оштетуваат клетката, кои се формираат како одговор на токсините и природните телесни процеси. Синовијата (перничето помеѓу коленото и зглобот) е склона кон оштетување од слободните радикали како кожата, очите или секое друго ткиво на телото.
Антиоксидансите го штитат телото од слободните радикали. Постарите истражувања од Зборникот на Националната академија на науките и клиничката ревматологија покажаа дека некои антиоксиданти можат да помогнат во спречувањето на артритис, забавување на прогресијата и намалување на болката.
Губење телесна тежина е од клучна важност
Дополнителни телесни масти ја отежнуваат работата на колената. Масното ткиво е метаболно активно, па затоа е способно да произведува хормони и хемикалии кои всушност ги зголемуваат нивоата на воспаление.
Обидете се со овие стратегии за контрола на калории:
Избегнувајте брза храна, особено навечер;
Јадете помали оброци;
Јадете помалку калорична храна, а повеќе овошје и зеленчук;
Витамин Ц
Антиоксидантниот витамин Ц е неопходен за развој на ‘рскавицата. Недостатокот на витамин Ц може да доведе до ослабена ‘рскавица и да ги зголеми симптомите на остеоартритис.
Кога одите на пазарување, овие работи нека станат неопходни во количката:
тропско овошје, како што се папаја, гуава и ананас;
портокали и грејпфрут;
диња;
јагоди;
киви;
малини;
растителен зеленчук, како што се карфиол, брокула и кељ;
пиперки;
домати;
Витамин Д
Некои студии за артритис и ревматологија покажуваат дека витаминот Д може да помогне во спречување на дефектот на ‘рскавицата и намалување на ризикот од стеснување на зглобовите. Сончевиот витамин секако може да го добиете од сонцето, но храната богата со витамин Д е исто така добар избор.
морски плодови, лосос, сардини и ракчиња;
млеко;
јајца;
Бета каротен
Бета каротенот е уште еден моќен антиоксидант кој помага да се уништат слободните радикали пред да можат да предизвикаат прекумерно оштетување на зглобовите. Бета каротенот е лесно да се идентификува бидејќи дава специфична боја на овошјето и зеленчукот, како што се морковите.
зелен зеленчук, салата и спанаќ;
слатки компири;
диња;
магдонос;
кајсии;
домати;
аспарагус;
Омега-3 масни киселини
Најздравите масти за луѓе со остеоартритис или други воспалителни нарушувања се омега-3 масни киселини. Додека некои јадења ги зголемуваат нивоата на воспаленија во телото, омега-3 всушност делуваат на намалување на воспалението со потиснување на производството на цитокини и ензими кои ја раскинуваат `рскавицата.
Храна со највисока количина омега-3 масни киселини:
лосос, или див, свеж или конзервиран;
харинга;
скуша;
сардини;
пастрмка;
остриги;
јајца;
ленено семе и масло од ленено семе;
ореви;
Зачини
Некои зачини имаат анти-воспалителни ефекти. Тука дефинитивно првото место го земаат ѓумбирот и куркумата. Куркуминот е главна активна компонента на куркумата и ги потиснува воспалителните хемикалии во телото, со што помага при артритис.