Подобрување на машката неплодност со здрава исхрана

Честа причина за неможност за зачнување кај паровите е спермата која може да биде малобројна, оштетена, со слаб волумен и слабо движење. Ви презентираме список на производи со кои е потребно да се зајакне исхраната во текот на неколкуте месеци за да се подобри состојбата на природен начин :

БАНАНИ
Бананите содржат ензим наречен бромелаин кој ги контролира полните хормони. Бананите се исто така извор на витамин А, Б1 и Ц. Овие витамини помагаат при создавање на сперма и му овозможуваат на телото да ја поправи својата општа сила потребна за тоа.

ТЕМНО ЧОКОЛАДО
Темното чоколадо содржи активна состојка позната како Л-аргинин. Таа помага во создавање на волуменот на семето и го зголемуваат нивниот број.

ЛУК (ЧЕШНЕ)
Лукот е богат со алицин кој ја подобрува циркулацијата на крвта. Овој процес помага при подобрување на циркулацијата во гениталиите што ја зајакнува спермата. Исто така, содржи витамин Б6 и селен кој го контролира производството на полните хормони и ги намалува оштетувањата на спермата. Лукот, во било кој облик (свеж, во прав или варен), потребно е да се консумира што повеќе.

КАЛИНКА
Калинката е богата со антиоксиданси кои ги намалуваат меланодиалдихидите кои се одговорни за оштетување на спермата. Редовното консумирање на калинката може да му помогне на организмот во уништување на слободните радикали и во зголемување на потенцијалот на спермата.

ГОВЕДСКО МЕСО
Говедското месо содржи поголеми количини на цинк кој ја штити спермата од слободните радикали. Цинкот го спречува претворањето на тестестеронот во естероген кое го зајакнува либидото.

ОРЕВИ
Оревите се богати со аргинин кој го зголемува волуменот на спермата и нејзиното производство. Оревите се богати со омега 3 масни киселини кои ја подобруваат циркулацијата на крвта во пенисот. Оревите содржат голема количина на антиоксиданси кои го штитат телото од болести.

СПАНАЌ
Спанаќот е богат со фолна киселина која го зголемува обемот на спермата. Поради фолната киселина се подобрува и нејзиното движење.

ОВОШЈЕ
Овошјето содржи многу антиоксиданси. Тие го зголемуваат обемот на спермата и спречуваат нивно оштетување. Овошјето е богато и со фолна киселина која ја зајакнува спермата. Овошјето е богат извор на витамин Ц кој го зголемува движењето на спермата и со тоа ја подига можноста за оплодување.

ЈАЈЦА
Јајцата ја зголемуваат плодноста и го подигаат бројот н сперматозоиди. Јајцата содржат витамин Е кој ја спречува дегенерацијата на ткивата на тестисите. Тие се исто така, богат извор на антиоксиданси кои ги неутрализираат слободните радикали и ги штитат клетките.

СЕМКИ ОД ТИКВА
Семките од тиква значително влијаат на зголемување на бројот на сперматозоиди. Многу се богати со омега 3 масни киселини кои ја подобруваат циркулацијата. Исто така, во студијата на „World Journal of Chemistry“, потврдено е дека семките од тиква поволно влијаат на простатата и зголемување на производството на тестестерон.

ВОДА
Консумирањето многу вода му помага на телото да го зголеми бројот на сперматозоидите. Исто така, ја зголемува функционалноста и раздвиженоста на спермата.

ШТО ТРЕБА ДА ИЗБЕГНУВАТЕ?

Машките кои го имаат овој проблем најдобро можат да си помогнат со одржување на здравјето, регуларна телесна тежина, како и особено користење на балансирана и здрава исхрана. Горе наведените производи се основа на исхраната која треба да се користи на подолг период за да може состојбата да се подобри по природен пат.

Она што треба особено да го избегнувате : пред се тоа се алкохолните пијалаци во претерани количини поголеми од два пијалака на ден (2 х 0,05 жесток пијалак или 2 х 0,33 литри пиво), претерано пушење на цигари, производи од соја, многу мрсна храна базирана на штетни маснотии и многу пржена храна во масло, премногу кафе и користење на многу топли купки, сауни, џакузи и слично.

Здравиот начин на живот и исхрана по вакви правила во период од барем шест месеци, ќе резултира со значително подобрување на состојбата доколку не се работи за некое сериозно медицинско нарушување.