Подгответе се' за психо-фитнес вежби

За една вежба да биде ефикасна прво треба да помислиме на тоа колку е ефикасна и колку може да биде ефикасна таа вежба, тоа е веќе докажано. Телото ги слуша командите од мозокот дури и во седечка положба.

Една студија објавена во Journal of Biobehavioral Research покажала како фокусираното размислување води до подобри резултати во вежбањето и изгледот на телото.

Студијата опфатила 61 студент кои не редовно ја одржувале својата телесна активност.

Судот бил поделен во групи во кои испитаниците ги пишувале своите размислувања, односно во две категории “акција” и “причина”. Тестот покажал дека оние кои во својата акција забележале идно време не постиганле никакви резултати, затоа што мозокот и честичката “ќе” ја сфаќа буквално и цело време тој пролонгира до реализација (пример: “ќе се зачленам во теретана” или “ќе вежбам со пријателите”), значи кога нешто сакаме да направиме, подобро тоа нека биде “Јас одам во теретана” или “Јас вежбам со пријателите”. Оние кои филозофирале (пример: “да изгубам во тежина” или “да останам здрав”)останале само на зборови.

Оваа студија покажала дека “се е во главата”, па затоа ако овие луѓе можеле да го остават својот нездрав живот и да влезат во нов стил на живеење, во тој случај секој може да се промени. Ова би можело да ви помогне околу тоа како да се мотивирате и како да ги мотивирате другите околу вас.