Победи ја прекумерната потреба за благо и стресот во „оние“ денови со моќното дуо Пасифлора и Спирулина

Предменструалниот синдром е непријатен период од месецот за многу жени, а особено ако е проследен со болки.

СИМПТОМИ НА ПМС
Најчестите знаци и симптоми, кои се асоцираат со предменструалниот синдром се групираат во две групи.

Емоционални симптоми и промени во однесувањето:

  • Напрегнатост и вознемиреност;
  • Депресија;
  • Плачење без особена причина;
  • Промени во расположението;
  • Нервоза или лутина;
  • Проблеми со спиењето (инсомнија);
  • Лоша концентрација.

Физички симптоми:

  • Главоболка;
  • Замор;
  • Болки во мускулите и зглобовите;
  • Зголемување на тежината поради задржување на течности;
  • Подување на стомакот;
  • Чувствителност на градите;
  • Избивање на акни;
  • Запек или дијареа.

Иако овој список со симптоми е премногу долг, повеќето од жените имаат само неколку од овие проблеми. Кај најголем дел од жените овие симптоми исчезнуваат веднаш кога ќе започне менструацијата.

СОВЕТИ ЗА ОЛЕСНУВАЊЕ НА СИМПТОМИТЕ НА ПМС

  1. Внимавајте на исхраната.
    • Јадете мали порции, но почесто во текот на целиот ден. Така ќе го редуцирате подувањето на стомакот и ќе се чувствувате сити.
    • Избегнувајте алкохол и кофеин.
    • Ограничете го внесувањето на сол и солени храни, за да го избегнете задржувањето на течности во телото.
    • Внесувајте храни богати со сложени јаглехидрати како овошје и зеленчук.
    • Јадете храна богата со калциум.
    • Информирајте се кои се препорачаните дневни потреби од витамини и минерали и внесувајте ги.
  2. Вежбајте редовно.Неколку дена во неделата вежбајте аеробик, возете велосипед или пешачете, барем по 30 минути. Со тоа ќе си го подобрите здравјето и ќе избегнете симптоми како депресија и замор.
  3. Намалете го стресот.Обидете се да си обезбедите доволно сон. Можете да практикувате јога за да се релаксирате и да го редуцирате стресот. Масажата исто така ќе ви помогне да го постигнете тоа.

Наша препорака: Супер моќно ПМС дуо… за „ОНИЕ“ женски денови 

ПРОДАЖНИ МЕСТА:
Еурофарм Аптеки, Виола Аптеки, Галениум Аптеки, Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

НАПРАВЕТЕ БРЗА ONLINE НАРАЧКА:
https://alfalab.mk/proizvodi/pasiflora-spirulina

Направете телефонска нарачка секој работен ден од 8:30 до 15:30 часот.
Телефон за нарачки: 02 3218 821
(Достава до домашна адреса со брза пошта)