Кога имате главоболка, веројатно прво посегнувате по лекови против болки. Сепак, на лековите им е потребно време пред да почнат да делуваат.
Наместо лекови против болки обидете се со некои едноставни и природни начини кои ќе ви помогнат да ја победите главоболката веднаш.
Метод со пенкало
Ако мислите дека вашата главоболка е предизвикано од стрес, пробајте го методот со држење на пенкало во уста. Кога сте под стрес, мускулите на вилицата се напрегнуваат, а тоа автоматски создава напнатост во областа на ушите и предизвикува главоболка.
Ставете го пенкалото хоризонтално и држете го со усните. Не го гризете На овој начин ќе поттикнете олабавување на мускулите на вилицата и ослободување на напнатоста во ушите.
Масажа со масло од пеперминт
Ако вашата главоболка е предизвикано од воспаление на синусите, обидете се да ги истриете критични области со етерично масло од пеперминт Маслото се разредува со било кое масло за јадење пред да се нане на кожата. Пеперминтот ќе ја смири главоболката предизвикана од синусите, но и ќе го поттикне нивното чистење.
Акупресура
На вашата рака постои точка која, ако ја притиснете, ќе може да ја ублажите главоболката. Најдете го местото каде што коската на показалецот и палецот се спојува. Притиснете цврсто и правете бавни кружни движења околу 3 минути.