Пливајте за добро здравје

Омилената летнa активност, пливање, воедно преставува и многу здрава активност. Веројатно сите со нетрпение го чекате годишниот одмор, а летото, морето и сонцето ги поврзувате  со одмор. Не заборавајте дека активниот одмор секогаш е подобро решение отколку пасивниот. Пливањето, како рекреација, позитивно влијае на телото и ги зајакнува мускулите.

Пливањето помага за регулирање на крвниот притисок, бронхитис и астма, како и кај болките во грбот.

Покрај тоа, овој тип на рекреација заслужен е и за убавата фигура бидејќи е одличен начин за намалување на килограмите.

Поточно, кога пливаме очигледно доаѓа до губење на тежината, и не постои оптоварување на зглобовите, а телото троши многу енергија

Истражувањата покажуваат дека пливањето со лесен интензитет (4-5 пати неделно по 30 минути или три пати неделно по 20 минути) има позитивен ефект врз високиот крвен притисок.

Исто така, влажниот воздух над површината на водата што пливачите го дишат му годи на респираторниот систем. Со оглед на фактот дека повеќето работни места денес бараат речиси осум часа седење пред компјутер, што негативно влијае на ‘рбетот, грбното пливање е особено корисно кај болки во грбот.