1. Ограничете го внесувањето на алкохолните пијалоци на два до три неделно
Алкохолот кој што се консумира дури и во мали количини, се верува дека го зголемува ризикот за појавување на рак на дојка. Повеќето доктори препорачуваат намалување на количината на испиеното вино, пиво или жестоки пијалоци.
Скорешните истражувања докажаа дека поврзаноста помеѓу консумирањето на алкохолните пијалоци и ракот на дојка е особено силна кај 70% од туморите познати како хормон-сензитивни.
2. Вежбајте најмалку три пати неделно
Кога вежбате, обидете се да правите потешки вежби кои ќе го зголемат ритамот на срцето во континуитет од 20 минути и подолго. Долгите прошетки се исто така корисни, но сепак, потешките физички вежби се тие кои што навистина му помагаат на Вашето срце и го намалуваат ризикот за појава на канцер.
3. Одржувајте ја линијата или ослабнете ако имате прекумерна тежина
Истражувањата покажуваат дека ако имате прекумерна телесна тежина или сте гојазни (особено ако веќе сте ја поминале менопаузата), ризикот за појава на рак на дојка значително се зголемува. Едно истражување од 2008 година покажа дека кај гојазните жени стапката на преживување од рак на дојка е многу помала и исто така тие имаат зголемени шанси за поагресивна појава на болеста за разлика од жените кои што имаат нормална телесна тежина.
4. Еднаш месечно прегледувајте ги градите
Осигурајте се дека ги имате правилните инструкции за тоа како самите на себе да си извршите преглед. Можно е да приметите грутка во дојката уште пред таа да се види на мамограмот и добро е регуларно да ги следите промените со Вашето тело.
5. По 40-тата еднаш годишно правете мамограм
Раното откривање на туморот значително ги зголемува шансите за негово излекување: петгодишната прогноза на преживување може да биде и до 98% ако болеста се дијагностицира во раната фаза и таа паѓа до 27% ако се открие во доцната фаза, кога веќе се појавуваат и метастази.