Пополнете си го времето на најелегантен начин доколку се наоѓате во Париз токму сега. Во тек е машката модна недела.
Од нови бутици преку прекрасата француска кујна и вино, еве што е ново и актуелно деновиве во Париз.
Би можеле да го посетите ресторанот Тероа Паризијан кој е отворен минатиот ноември, а хит во последно време. Се наоѓа на Плас ду ла Бурс број 28. Во менито доминира класичната француска кујна. Пробајте ги специјалитетите од риба или супата со печено пилешко месо.
Коктел барот Рузбед, лоциран во 14-та зона, е совршен доколку сакате да си направите муабет. Музиката е супер и не е воопшто гласна. Атмосферата од 1930 година тука сеуште е сочувана.
Само на неколку чекори од Лувр се наоѓа хотелот Грон Пале Ројал сместен во зграда од 18-от век. Располага со 68 делукс соби со прекрасен поглед на Париз и ексклузивен спа-центар. Сметајќи на високите цени, не мора да се сместите тука, ама може да уживате во погледот на Париз од хотелскиот ресторан или бар. Коктелите се препорачливи, нешто поскапи од оние во другите барови, ама кафето има пристојна цена.
Разгледајте што има во проданицата Руа ду ла Капот, отворена минатиот август во Париз. Станува збор за продавница за кондоми, инаку верувале или не, ова е прва специјализирана ваква продавница во Франција. Ќе се изначудите што се може да најдете во неа во име на безбедниот секс. На пример, пакувања од 576 кондоми за 55 евра. Има и други „играчки“ за возрасни. А вработените додека купувате ќе ви понудат различни совети за безбеден, ама и вонсериски секс.