Со темниот дијамант до блескаво бели заби

 Не штедете ја повеќе насмевката…Ви ја откриваме тајната на блескаво белите заби

ПАСТА ОД АКТИВЕН ЈАГЛЕН
Тајната е во активниот јаглен. Во светот ова е таен тренд за избелување на забите. На прв поглед изгледа неуредно и гадно, но верувале или не во светот многу луѓе токму вака успешно ги избелуваат забите.

Како да ги миете забите со активен јаглен?
Начинот на избелување на забите е мошне едноставен. Се нанесува од пастата на влажна четка и се тријат забите. Нема потреба многу да притискате и да бидете груби, мијте ги нормално, како што ги миете со другите видови паста.
Доволно е да ги миете забите 4 минути, а потоа исплакнете со млака вода. По една недела ќе имате сјајно бели заби


Предноста на пастата од активен јаглен
Важно е да знаете дека активниот јаглен нема вкус, но и дека, за разлика од други популарни средства за избелување заби, активниот јаглен нема негативни последици за вашите заби, бидејќи јагленот е природна супстанца. Тој не предизвикува воспаление на непцата, а забната глеѓ останува неоштетена.