Овој вид на храна даваат поттик на метаболизмот, а всушност , додека јадете ги согоруваат мастите.
1. Јајца
Витамин Б12, кој го има во јајцето, му помага на вашето тело да ги согори мастите. Освен тоа, ни обезбедува чувство на ситост, а ја спречува и потребата од прекумерно јадење.
2. Путер од кикирики
Без разлика дали е кремаст и густ, ова е одличен извор на магнезиум и ги стимулира клетките ефикасно да ја метаболизираат енергијата.
3. Говедска плескавица
Посното говедско месо опфаќа 90 проценти од производот, а тоа е чист протеин за чие варење е потребно повеќе енергија отколку за мастите или јаглехидратите.
4. Кисели краставички
Средните краставици содржат само седум калории – повеќе енергија ќе ви треба за да го сварите овој солен, крцкав зеленчук.
5. Сирење
Линоленската киселина во млечни производи му помага на вашето тело да ги согори мастите. Изберете деликатно, кремасто сирење кое ќе го задоволи вашето непце .
6. Зелен чај
Преполн е со катехини, антиоксиданси, за кои студиите откриваат дека ги уништува мастите во телото. Плус, кофеинот на вашето тело ќе му овозможи метаболички скок.
7. Авокадо
Тоа е богато со добри масти,кои ја спречуваат желбата за храна, и L-карнитинот, амино-киселина која го придвижува моторот на вашето тело.
8. Јогурт
Обичниот јогурт со малку маснотии содржи пробиотици, корисни бактерии кои можат да го намалат износот на масти кои вашето тело ги апсорбира.