Работите на губење килограми? Сигурно сакате брзи резултати. Заборавете на диетите кои ве тераат да изгладнувате и препуштете се на здравиот режим.
-Можете да изгубите еден килограм неделно само со помош на здрава диета и многу тренинзи-вели доктор Кејтлин Талмаџ.
Како брзо да изгубите килограми?
Ако го намалите дневниот внес на калории за 500, за една недела може да ослабите еден килограм.
Доколку сакате да ослабите побргу, ќе мора повеќе да тренирате.
На пример, ако внесувате 1200-1500 калории на ден (што е минимум под кое не смеете да бидете), а вежбате еден час на ден, можете да изгубите до три килограми во првата недела. Важно е само да не ги намалувате калориите наеднаш и бргу, бидејќи тоа може да биде опасно по вашето здравје.
Ограничувањето на внес на сол, исто така, ја намалува килажата, но на тој начин се исфрлаат повеќе течности собрани во организмот, отколку масти.
-Кога ја регулирате солта, ја регулирате водата во организмот, која може да ви намали и до два килограми кога ќе почнете со диетата, вели доктор Мајкл Денсинџер.
Овој доктор препорачува друг режим на исхрана. За брзо симнување на килограмите, само почитувајте одредени правила кои се доста едноставни. Без изгладнувања за еден месец ќе успеете да симнете до пет килограми на здрав начин. Фокусирајте се на зеленчук, овошје, жолчки од јајца, производи од соја, пилешко, риба и немасни млечни производи.
Еве некои совети кои ги препорачува Дон Џексон Блетнер, автор на книгата „Полу-вегетаријанска диета“.
-Јадете зеленчук за да се чувствувате заситени.
-Пијте многу вода.
-Исфрлете ја храната која ве предизвикува да јадете.
-Бидете зафатени, не сакате да јадете само затоа што ви е досадно.
-Јадете само од чинија, додека сте на трпезариската маса.
-Не ги прескокнувајте ги оброците.
Ако водите дневник на исхрана и запишувате се што ќе изедете, обрнете внимание на тоа колку калории дневно внесувате. И водете сметка дека секое намалување на внес на калории кое е помало од препорачаното (1200 калории) може да доведе до сериозни здравствени проблеми.
