Откриен најдобриот природен лек за мигрена

Ако некогаш сте се соочиле со мигрена, тогаш најдобро знаете дека таа е многу повеќе од главоболка. Мигрената ја следат силни, пулсирачки болки, гадење и чувствителност на светлина, звуци и мириси. Може да трае од 4 до 72 часа, а каква било физичка активност води до влошување на состојбата. Од мигрена страда 16 % од возрасната популација на возраст од 25 до 40 години. Жените 3 пати повеќе страдаат од мигрена за разлика од мажите. 

Лековите кои постојат за да ги олеснат или спречат овие напади, поттикнуваат низа несакани ефекти како умор, зголемување на телесната тежина, сува уста. Од овие причини, пациентите се во потрага по природни алтернативи. За оваа проблематика, во фокус е коензимот Q10.

Зошто се појавува мигрената?

Иако точниот причинител за мигрена не е познат, постојат научни докази кои тврдат дека вината лежи во митохондриите кои не обезбедуваат доволно енергија во клетките. Митохондриите се одговорни за создавање на 90 % од енергијата што ја користат клетките, истовремено ги штитат од оксидативен стрес. Кога функцијата на митохондриите е компромитирана, ризикот од клеточни оштетувања поттикнати од слободните радикали рапидно расте.

Научниците открија дека луѓето кои се соочуваат со мигрена, во принцип имаат ниско ниво на низа хранливи материи меѓу кои Q10. Без разлика дали водите сметка преку храна да го внесете коензим Q10, неговото ниво опаѓа со стареењето и додатокот станува повеќе од неопходен.

Како коензимот Q10 делува на мигрената?

Q10 е есенцијална компонента што телото само ја создава и ја складира во митохондриите на клетките. Тој ги конвертира хранливите материи, како масните киселини и јаглехидратите, во аденозин трифосфат кој помага горивото да се пренесе во клетките. Благодарение на своите антиоксидативни својства, може да делува на слободните радикали.

Според последните истражувања, популарниот суплемент коензим Q10 делува превентивно на мигрената. Пациентите кои пиеле 100 мг Q10 три пати дневно, имале помал број напади во периодот од 3 месеци, за разлика од оние кои пиеле плацебо.

Пациентите кои пиеле Q10 исто така ги намалиле деновите поминати со главоболки и гадење. Недостигот на енергија во мозокот може да биде причина за мигрена, а Q10 делува на енергетскиот капацитет на клетките и на тој начин ја спречува мигрената.

Инаку, во студијата биле вклучени 42 луѓе кои во просек страдале од 4.4 мигрени месечно. Во просек, 48 % од пациентите кои пиеле коензим Q10 се соочиле со двојно помалку напади, додека истото им се случило само на 14 % од оние кои земале плацебо.

Во прилог на пациентите оди и податокот дека коензимот Q10 не предизвикал несакани последици кај ниту еден од испитаниците.

Анализата на низа студии во 2018-та, потврди дека во споредба со плацебо, Q10 бил далеку поефикасен во намалувањето на траењето на мигрената (траењето на една епизода) и во редуцирањето на бројот на вкупните денови поминати со мигрена во месецот.

Најновата студија во која биле вклучени пациенти на возраст од 18 до 50 години и кои пиеле коензим Q10, бележи пад на бројот на напади во месецот, вклучувајќи ја фрекфенцијата и траењето.

Голема е разликата помеѓу обичната главоболка и мигрената, но Nature Essential – Коензим Q10 не прави разлика, бидејќи одлично се справува со двете. Плус, го одржува здравјето на срцето, го регулира холестеролот и му дава енергија на телото.

Nature Essential – Коензим Q10 содржи 30 меки таблети, а секоја од нив ќе ве снабди со 30 мг Коензим Q10 кој и на 40 ќе го поттикне телото да се однесува како да има 20 години.

Nature Essential Coenzyme Q10 можете да го набавите во аптеките на: Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети … во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Тинекс и во сите подобро снабдени аптеки.

Nature Essential Coenzyme Q10 можете да го можете да го нарачате онлајн
https://alfalab.mk/proizvodi/q10/

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
*(Достава до домашна адреса со брза пошта)