Познато е дека кожата и мускулите со текот на годините ја губат својата еластичност. Покрај годините големо влијание имаат и вишокот на килограми, а тоа значи дека ќе се ослободите од подбрадокот кога ќе ги елиминирате вишокот на маснотии. Проблемот со подбрадокот може да се реши и со операција, вежби и со мали трикови „прикривање“ на недостатоците со помош на шминка и фризура.
Вежби за намалување на подбрадокот
1. Оваа вежба можете да ја правите во седечка или стоечка положба . Исправете ги рамениците и лесно вртете ја главата на едната па на другата страна. Вежбата повторувајте ја секој ден 10 пати. Така ќе ги затегнете мускулите и кожата, а подбрадокот со текот на времето ќе се намали и целосно ќе исчезне.
2. За оваа вежба треба да стоите исправено. Подигнете ја главата и испакнете ги усните како да праќате бакнеж. Останете така околу 10 секунди и постапката повторете ја повторно.
Трикови за „насочување на вниманието“
Подбрадокот може да се покрие со бронзер. Одберете некој со неколку нијанси потемен од пудрата која ја употребувате, за потоа да го нанесете со дебела четка во делот покрај долната вилица. Бронзерот ќе создаде темна сенка, која ќе го фрли подбрадокот во втор план.
Најдобрите фризури за да го прикриете подбрадокот се „боб“ или „паж“ чии врвови се протегаат од под брадата па се до клучната коска. Ако имате долга коса, скратете ја степенасто со благи локни. Благодарејќи на нив, брадата нема да биде во прв план.
Никогаш не носете ролки и кошули закопчани до крај, затоа што така само ќе дојде до израз подбрадокот. Покажете деколте. Ѓерданите се исто така непожелни, бидејќи визуелно ќе ви го скратат вратот и така ќе подбрадокот ќе привлече повеќе внимание.