Убава фигура, рамен стомак и мазна кожа е сон на многу жени, а за сето тоа да се постигне потребна е напорна работа. Редовни вежби, здрава исхрана, антицелулитна масажа …. често се недостижни поради недостаток на време или финансиски средства, па затоа борбата со целулитот, се води во бесконечност.
Затоа, кога сте дома и гледаат телевизија наместо да јадете грицки, одлучете се за примена на анти-целулитна самостојна масажа. Пред самата масажа, кожата треба да ја намачкате со лосион за да бидете сигурни дека е доволно хидрирана. Наместо обичен лосион може да земете и анти-целулитен крем, за побрзи резултати. Антицелулитни производи обично се базираат на пеперминт, гуарана, кофеин, бршлен … и помагаат во подобрувањето на циркулацијата на крвта, а со тоа се зголемува температурата на телото, што е од голема помош во справувањето со токсините па дури и со вишокот на масти.
Кога ја применувате антицелулитната масажа притискајте со рацете и притиснете го надолу лесно делот кој треба да се лечи со цел подобро да навлезете во подлабоките слоеви на кожата. Кога под кожата ќе ги почувствувате наталожените токсини, обидете се да ги разбиете со притискање. Со прстите опфатете ја кожата и со кружни движења масирајте во насока од колената кон вашите бутови. Притиснете со прстите или со дланките на вашата кожа и повлекувајте ги во едно движење од доле кон нагоре, а на тој начин се поттикнува циркулацијата на лимфата и подобра циркулација на крвта.
Во борбата со целулитот, масажата е само еден од елементите кои треба да се применуваат за да ги добиете саканите резултати. Затоа, не заборавајте во текот на денот да пиете доволно течности, а вашата исхрана базирајте ја на основа на што повеќе овошје и зеленчук, а сето тоа со многу движење.