Освен што жените после породување го имаат овој проблем, вишокот на опуштена кожа воглавно се поврзува со неконтролирано и нагло губење на килограмите преку интензивни диети и тренинзи.
Вежбајте
Ни еден резултат не може да се постигне без вежбање, а еден начин за ја затегнете кожата е зголемување на мускулната маса преку кревање тегови.
Пијте многу вода
Сите знаеме дека кожата сака вода, а за да ја одржите здрава и еластична, морате да конзумирате барем 2 литра вода дневно.
Масажа
Масажата може многу да помогне, бидејќи таа ја враќа еластичноста на кожата. Исто така, масажата на дневна база ќе помогне во развојот на мускули. Набавете посебни креми и масла кои содржат витамин Е (глицерин,бадемово масло, кокосово масло) и ќе и помогнат на вашата кожа.
Редовни пилинзи
Со пилингот се отстрануваат изумрените клетки, а со тоа се поттикнува и регенерација на кожата.
Здрава исхрана и додатоци во исхраната
Храната со многу витамини и минерали, ќе ја одржи вашата кожа витална. Набавете и витамински додатоци, особено оние наменети за кожата.Јадете храна богата со омега 3 масни киселини.
Запомнете дека се работи за бавен процес, а на некои жени засекогаш ќе им остане тој вишок кожа. Меѓутоа, ако сте ослабнале многу, тоа значи дека во себе имате волја и со уште малку труд ќе успеете да ја доведете важата кожа до беспрекорност.Овој процес сигурно ќе бидат подолг и од самото губење килограми, па за таа цел обратете се кај дерматолог.