Ви претставуваме шест различни категории на храна кои ја сочинуваат пирамидата на здрава исхрана , и кои треба да бидат застапени во секојдневната исхрана . Умереноста и рамнотежата се од суштинско значење за квалитетот на телото и линијата, а разновидната и здрава храна е она што ни помага во тоа.
Физичка активност
Секојдневната физичка активност од 30 минути е повеќе од пожелна во одржувањето на здрав дух и посилен имунолошки систем. Значи, пешачењето, избегнувањето на лифт, спортувањето, возењето велосипед покрај река, а ако временските услови не ни дозволуваат внесете ги само сите актуелни аеробик или актуелната Зумба.
Житарки
Оваа категорија ја вклучува храната како лебот од житарки со цели зрна, тестенини, ориз и сл. Житарките се дозволени да се консумираат 6-11 пати на ден.
Зеленчук
Се препорачува да се консумираат 2-3 порции свеж или варен . За голем извор на енергија се смета зеленчукот како и пченката или компирите, темно зелениот лиснат зеленчук и портокаловиот како што е морковот .
Овошје
Секојдневно се препорачува 2-3 порции на овошје, кое треба да биде разновидно. Овошјето како што се: јаболка, сливи, портокали, боровинки или грејпфрут ќе го задоволи дневниот износот што експертите го советуваат.
Месо и мешунки
Консумирајте месо со ниска содржина на масти. Секојдневно се препорачува две порции на месо, месни производи, и мешунки. Имајте на ум дека во секојдневната исхрана треба да вклучите и храна која содржи високо ниво на омега 3 масни киселини, како што е. рибата (лосос, харинга и пастрмка).
Млечни производи
Вреден извор на калциум, кој ни е секојдневно потребен за правилен раст, развој и одржување на коскената маса. Консумирајте млеко и млечни производи со намалени масти.
Маст
Мудро е да се ограничи употребата на заситени масни киселини. Инаку, масти кои доаѓаат од извори на храна, како што се риба, јаткасто овошје и растителни масла се природен извор на витамин Е и незаситени масни киселини, што значи дека се особено важни за крајниот ефект врз здравјето.
Слатки
Грицките и слатките се едни од најголемите непријатели на убавата линија, кои исто така се наоѓаат на врвот на пирамидата на храна, кои се изложени како најголем ризик за дебелината. Нивното внесување во организмот сериозно ограничете го.