Ослабете без диета со моќта на сончевите зраци

Станeте рано и сончевите зраци ќе ви помогнат да ги симнете вишокот килограми.

Според новото истражување, раното станување од кревет и изложеноста на сончевата светлина може да помогне во отстранување на вишокот килограми!

Според едно истражување спроведено на Американскиот Државен Медицински Универзитет „Feinberg“ и објавено во списанието „Plos One“, се тврди дека изложеноста на силна утринска сончева светлина му помага на телото да ги елиминира акумулираните масти.

Авторите на студијата ја следеле изложеноста на испитаниците на утринското сонце, а тие воделе календар за дневното внесување на калории. Резултатите покажуваат дека оние кои биле изложени на поголем обем, на утринско сонце имаат понизок индекс на телесна маса – без оглед на возраста, активноста и содржината на оброкот.

Ако се прашувате зошто полесно слабеат луѓето кои се изложени на утринско сонце, причината може да биде правилниот биоритам.

Зраците на утринското сонце го подобруваат ритамот на спиењето, а тоа му помага на метаболизмот да работи подобро и побрзо, веќе знаеме дека добриот метаболизам води до намалување на килограмите.

За одлични резултати, потребни ви се само 20 минути од утринското сонце. Сепак, за почеток  научете се да станувате порано, а новите навики од страна на телото сами ќе се стекнат со текот на времето.