Ако сте мислеле дека појадокот не е најважниот оброк во денот, размислете повторно, оти научниците тврдат дека е! Истражување спроведено во период од 20 години на примерок од 6.500 Американци покажало дека лицата кои никогаш не појадуваат имаат за 87% поголем ризик од срцев удар, од оние кои тоа го прават редовно.
Кога е во прашање ризикот од мозочен удар, тој исто така расте кај лицата кои секогаш го прескокнуваат појадокот. Таквите лица имаат за три пати поголема можност да доживеат фатален мозочен удар во однос на оние кои јадат во утринските часови.
Зошто прескокнувањето на појадокот е по живот опасна навика?
Група научници од Универзитетот Ајова нагласуваат дека станува збор за повеќе различни фактори, а еден од нив лежи во тоа да со прескокнувањето на појадокот се ризикува зголемено чувство на глад за време на целиот ден, поради што во попладневните часови може да дојде до прејадување.
Хроничното прејадување во доцните часови доведува до обезност, а дебелината е во низата болести и во по живот опасни здравствени состојби. Чувствителноста на инсулин – хормон кој е поврзан со дебелината и дијабетесот, исто така е намалена во текот на долготрајниот утрински “пост“, тврдат научниците. Прескокнувањето на појадокот влијае и на други хормонални процеси во организмот, што може да доведе до зголемување на крвниот притисок. Научниците утрдиле и дека колку подоцна во текот на денот почнуваме да јадеме, толку е поголем ризикот од зголемување на нивото на лошиот холестерол во крвта.