Најдобрите совети за „инстант“ подобрување на расположението.
Стоп на нервозата благодарение на советите кои следат во продолжение:
Топол туш или миризлива купка во бања
– Никогаш не сте се чувствувале лошо после туширање или капење во бања. Капењето Ве ревитализира, кога сте поспани Ве буди, кога сте нерасположени, го крева Вашето расположение. Топлата пареа секогаш ја намалува физичката и психичката напнатост.
Јадете чоколадо
– Дефинитивно, чоколадотото е најдобриот природен бустер на расположението. Тоа содржи супстанци кои имаат докажано антидепресивно дејство.
Направете нешто добро за своето лице и изглед
– Жените кои редовно користат шминка, се чувствуваат подобро од оние кои не користат.
Бидете со луѓето кои ве сакаат
– Тешко е да се биде негативен во опкружување на луѓето кои ве сакаат, и го покажуваат тоа. Доколку сте депресивни, направете вечера и повикајте ги вашите сакани. Лошите и темни мисли ќе исчезнат во моментот кога ќе ги видите гостите на прагот на вашата врата.
Запишувајте
– Одвојте барем 15 минути во денот за да ги напишете сите оние работи кои ви причинуваат стрес и лошо расположение. Така, ке имате поголема прегледност во процесот на решавање на проблемите кои ве мачат.
Легнете си порано во кревет
– Луѓето што легнуваат рано и стануваат со првото утринско сонце, имаат помал ризик од развој на депресија и лошо расположение. Дневната светлина делува многу позитивно на нашата ментална состојба.
Бидете задоволни од нештата
– Пробајте да го замените негативниот фокус кон нештата со позитивен. Потрудете се да бидете задоволни со она што го имате. Радувајте се на ситните и мали нешта кои го прават животот поубав.
Слушајте добра музика
– Музиката е нераскинлив дел од нашето постоење. Поради тоа, слушањето на добра музика со сигурност го крева нивото на добро расположение и благосостојба.
Исчистете го домот
– Одвојте 15 минути во текот на денот за да ја исчистите вашата соба или вашиот дом. Нередот во домот може многу негатвно да влијае на вашето расположение.