Неоходни додатоци пред тренинг за задржување на мускулната маса

На многу луѓе им е тешко да почнат со тренинг или да останат активни. Причината се крие во недостатокот на енергија. За да се добие дополнителен поттик на енергија за вежбање, многу луѓе земаат додаток пред тренингот.

Сепак постојат многу додатоци, па тоа можеби ќе ве збуни што да земете. Важно е дека тоа зависи од типот на вежбање и треба да ја утврдите целта на вежбањето, дали сакате да се зацврстите или пак да изгубите некој килограм. Некои состојки може да ја зголемат силата или моќта, додека други може да ја зголемат издржливоста.

Секој од седумте додатоци подолу е насочен кон специфичен тип на вежбање. Кога ќе знаете кои состојки се најдобри за одредени видови на вежбање ќе ви помогнат да го пронајдете додатокот кој ќе има најголем ефект. Еве ги 7-те најважни состојки кои треба да ги барате во додатоците за пред тренинг.

Креатин
Креатинот е молекула што се наоѓа во нашите клетки. Тоа е исто така многу популарен додаток во исхраната. Повеќето научници сметаат дека креатинот е додаток број 1 за зголемување на силата и моќноста.

Истражувањата покажаа дека безбедно ја зголемува мускулната маса, сила и вежбање. Силата за вежбање се зголемува за 5-10% кај луѓето кои земале креатин. Ова е затоа што креатинот е важен дел од системите за производство на енергија во нашите клетки. Ако сакате да ја зголемите мускулната сила, креатин е веројатно првиот додаток што треба да го разгледате. Препорачаната доза започнува со 20 грама дневно, кои се делат на повеќе порции.  По оваа фаза, типична доза на одржување е 3-5 грама дневно.

Кофеин
Кофеинот е природна молекула која се наоѓа во кафе, чај. Поттикнува одредени делови од мозокот да ја зголемат будноста и да ве натера да се чувствувате поенергично и неуморно. Исто така е многу популарна состојка во додатоците за пред тренинг. Ја зголемува способноста и моќноста за сила.

Ова се однесува на различни видови вежби, вклучувајќи и спринт, тренинг со тежина и возење велосипед. Врз основа на многу студии, препорачаната доза на кофеин за вежбање е околу 3-6 мг на килограм. За некој кој тежи 68 кг тоа би било 200-400 мг. Луѓето реагираат поинаку на различни количини на кофеин, па затоа веројатно е најдобро да се започне со ниска доза за да видите како ќе реагирате.

Бета-аланин
Амино киселина која помага во борбата против мускулниот замор. За време на интензивно вежбање киселоста во нашето тело почнува да се зголемува и токму бета-аланинот помага против ова. Ги подобрува перформансите на вежбање. Препорачаната доза за подобрување на ефикасноста на вежбањето е 4-6 грама дневно. Врз основа на постоечките истражувања, оваа доза е безбедна за консумирање. Единствениот познат несакан ефект е чувство на благо трнење или „иглички” на кожата ако земате поголеми дози.

Цитрулин
Цитрулин е амино киселина произведена природно во вашето тело. Сепак, конзумирањето цитрулин од храна или додатоци може да ги зголеми нивоата на вашето тело. Овие зголемени нивоа може да бидат од корист за квалитетен тренинг.

Еден од ефектите на цитрулин е зголемување на протокот на крв во телото на ткивата. Во контекст на вежбањето, ова може да помогне да ги снабдите мускулите со кислород и хранливи состојки што им се потребни за да функционираат правилно. Земањето цитрулин исто така значително ја намалува болката во мускулите во деновите по вежбањето. Препорачаната доза е 6 грама цитрулин. Овие додатоци се чини дека се безбедни и не произведуваат несакани ефекти, дури и во дози од 15 грама

Натриум бикарбонат
Многу луѓе се изненадени кога слушаат дека овој производ за домаќинство е исто така спортски додаток. Исто така познат како сода за пециво, тој делува во борбата против киселоста во телото. Во контекст на вежбање, натриум бикарбонат може да помогне во намалувањето на замор за време на вежбање, што се карактеризира со чувство на „горење”  во вашите мускули. Она чувство на печење е показател дека производството на киселина се зголемува поради интензитетот на вежбата. Оптималната доза е околу 300 mg на килограм од телесната тежина. За некој кој тежи 68 килограми, тоа би било околу 20 грама.

Л-карнитин
Оваа амино киселина се користи за топење масни наслаги и облукување на телото. Кога станува збор за вежбање, Л-карнитинот е добро познат меѓу спортистите и оние кои редовно вежбаат. Одговорен е за транспорт на мастите до клетките кои произведуваат енергија. Значи е одличен извор на енергија! Зголемете го ефектот на вежбање со л-карнитин.

Наша препорака: Nature Essential – Л-Карнитин
Го олеснува снабдувањето на мускулите со енергија, ги согорува вишокот масни наслаги ја зголемува еластичноста на телото, ja подобрува циркулацијата.

 

ПРОДАЖНИ МЕСТА:
Еурофарм Аптеки, Виола Аптеки, Галениум Аптеки, Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

НАПРАВЕТЕ БРЗА ONLINE НАРАЧКА:
https://alfalab.mk/proizvodi/l-carnitine

Направете телефонска нарачка секој работен ден од 8:30 до 15:30 часот.
Телефон за нарачки: 02 3218 821
(Достава до домашна адреса со брза пошта)

Нитрат
Нитратот е молекула што се наоѓа во зеленчукот како спанаќ, репа и цвекло. Мали количини од нитратот се произведуваат природно во телото. Нитратот може да биде од корист за изведбата на вежбање бидејќи може да се претвори во молекула наречена азотен оксид, што го зголемува протокот на крв. Нитратот кој се консумира како спортски додаток често се добива од сок од цвекло. Генерално, ова може да биде додаток што вреди да се консумира ако изведувате активности за издржливост како трчање или возење велосипед. Оптималната доза на нитрат е 6-13 мг / кг на телесната тежина. За некој кој тежи 68 килограми, тоа е околу 400-900 мг.

Л-аргинин
Што е Л аргинин?
Л-Аргинин е моќна аминокиселина која игра важна улога во одржување и подобрување на вашето здравје. Л-аргинин помага при опуштање на крвните садови преку создавање на азотен оксид. Л-аргинин е аминокиселина која игра важна улога во одржување и подобрување на вашето здравје. Основата му е природна, работи како антиоксиданс и кога се зема како и секој друг додаток на амино киселина , нуди безброј здравствени придобивки.

Наша препорака: Nature Essential – Л-Аргинин
Најсовршената нутритивна материја која е пронајдена досега, поради неговите моќни лековити својства.
ПРОДАЖНИ МЕСТА:
Еурофарм Аптеки, Виола Аптеки, Галениум Аптеки, Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

НАПРАВЕТЕ БРЗА ONLINE НАРАЧКА:
https://alfalab.mk/proizvodi/l-arginin

Направете телефонска нарачка секој работен ден од 8:30 до 15:30 часот.
Телефон за нарачки: 02 3218 821
(Достава до домашна адреса со брза пошта)