Нега на чизмите во зимските денови … трикови како да ги обновите старите чизми

Веруваме дека вашето омилено парче обувки во зимските денови се барем еден пар чизми. Иако оваа зима е неверојатно блага, различните временски услови ги оштетуваат чизмите. Затоа ви откриваме четири необични совети за негување на вашите кожени миленичиња.

Гребнатинки

Сигурно дури и најмалата гребнатинка на чизмите може да ви пречи, но постои одличен начин за решавање на тој проблем. На крпче нанесете малку маслиново масло и добро истријте го изгребаниот дел на чизмата. Резултатите ќе ве воодушеват.

Дамки од сол

Нема ништо погрдо од белите дамки на чизмите кои настануваат од сол на патот. Овие дамки најдобро ќе ги отстраните со помош на оцет. Во еден помал сад, помешајте малку вода со лажичка оцет, па во смесата намокрете го крпчето со кое ќе ги исчистите чизмите.

Гребнатинки на лакирана кожа

Дури ни овој проблем не е нерешлив. Намокрете го крпчето во малку вазелин и полека тријте го  оштетеното место.

Излижани делови на кожените чизми

Овој проблем лесно може да го решите со малку мешавина од вода и сода бикарбона. Намокрете го крпчето прво во вода, па во сода бикарбона и нежно протријте по излижаните делови.